Нова промоција во Вип постпејд: Неограничена комуникација кон сите мрежи со намалена претплата во текот на цела година!

Вип со задоволство ја најавува новата промоција во постпејд сегментот на мобилната телефонија со која корисниците добиваат можност за неограничена комуникација и тоа со намалена месечна претплата во tекот на целата година.

Ова е единствена можност за сите приватни корисници кои ќе склучат нов или ќе го обноват веќе постоечкиот договор да ги искористат погодностите на новата промоција за Vip Mobile L тарифниот модел за 524 денари месечна претплата за цела година kако и вклучени 3GB 4G мобилен интернет.

Со избор на тарифниот модел Vip Mobile M за 384 денари месечна претплата во првата година корисниците добиваат неограничени разговори и СМС кон мрежата на Вип , 250 минути кон другите национални мрежи и 500 MB 4G интернет.

Истовремено со оваа нова промоција, корисниците имаат можност за избор на смарт- телефон по намалени цени. Понудата е достапна со склучен договор на 24 месеци и во ограничен промотивен период.

Детални информации се достапни на www.vip.mk, во најблиското Вип продажно место или на телефонскиот број 077 1234.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно