(ВИДЕО) Заев: Талат Џафери го прекрши уставот со поставувањето на Албанското знаме во канцеларијата

Претседателот на СДСМ, новиот мандатар и многу веројатно новиот премиер на Република Македонија, Зоран Заев во интервју за српската телевизијата  „Н1“ завчера, изјави дека непријатен е начинот како Србија коментира за политичките случувања во Македонија. Според Заев, непријатно е соседите да зборуваат за Македонија.

– Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, говореше за македонско сценарио. Непријатно е како нашите соседи зборуваат за Македонија,  рече Заев во интервјуто, додавајќи дека во Македонија на сите им е преку глава од кризата.

Прашан за наводите за „голема Албанија“, Заев рече дека малку луѓе зборуваат за таква идеја и дека иднината на Западен Балкан е „отворени граници и мобилност на граѓаните“.  На прашањето што мисли за тоа што на масата на новиот претседател на Собранието, Талат Џафери, стои знамето на Албанија, Заев рече дека тоа не е по Уставот на Македонија и дека таму наместо знаме треба да стои фотографија од децата и сопругата.

– Верувам дека Џафери ќе ги почитува Уставот и деловникот за работа на Собранието, рече Заев.

Условна казна за кумановчанецот кој го извади македонското знаме од јарбол

Момчето кое го симна македонското знаме од јарбол во Куманово и постави албанско знаме е казнето со услона казна од две години. На судењето денеска е одлучено Љуан К. од Слупчане да добие условна казна, откако го призна делото за инцидентот во март годинава.

Неговиот помошник, 16-годишниот Л.С. не го призна делото, па неговото судење е во тек.  

Подарок од „Македонски Телеком“ за сите кои имаа прекин на услугите

Корисниците на Македонски Телеком коишто имаа прекин на услугите во текот на завчерашниот ден како последица на невремето, во месец јуни ќе добијат бесплатни услуги и содржини како надомест. Сите корисници на телевизијата MaxTV ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1и M1Gold.

Корисниците на Smart постпејд услугите и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во месец јуни, a oстанатите постпејд корисници на Македонски Телеком, истиот месец ќе добијат 1GB бесплатен мобилен интернет.

Двојно повеќе мобилен интернет бесплатно во месец јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Македонски Телеком, односно корисниците на  Magenta 1 Business пакетот  и Business Mobile услугите.  Останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет за месец јуни.

Македонски Телеком уште еднаш им се извинува на корисниците за вчерашниот прекин на услугите. 

Канал5 го набрка Васко Ефтов

Емисијата „Во центар“ на Васко Ефтов, почнувајќи од оваа недела веќе нема да се емитува на телевизијата Канал 5, објави  Плусинфо.

Раководството на телевизијата се одлучило на ваков чекор, откако Ефтов ги игнорирал многубројните предупредувања дека во неговите емисии премногу често упатува клевети и навреди, со што го загрозува угледот на оваа медиумска куќа.

Емисијата на Васко Ефтов беше убедливо најгледана од сите политички емисии на македонските телевизии.

Популарно