Дали љубовта треба да се вербализира или само очите ќе зборуваат?

„И понатаму ме фасцинираш и ме инспирираш. Влијаеш на мене да бидам подобар. Ти си предмет на моите желби и главна причина за моето постоење. Многу те сакам.“

Не знам дали ве полазија морници по кожата, „превртевте очи“ или слатко се насмеавте на овие зборови, но ова е извадок од вистинско љубовно писмо. Не е готова порака која за родендени и валентајни кружи по телефони и комјутери, убаво уредена на некаква розеникава фотографија, иако… не сум сигурна дека не е употребено и во такви цели. Овие зборови и ги упатил Џони Кеш на својата сопруга Џун за нејзиниот 65-ти роденден.

Не важно и ако некој не знае кој е Џони Кеш или Џун Картер и каква е „нивната приказна“, важно е дека овие зборови се вистински и упатени од еден маж кон една сакана жена, и тоа на лист хартија. Сите ние знаеме дека љубовното писмо е „мртво“, умре и пред нашето време, но она што не го знаеме е – кој ја уби моќта на мажите одново и одново да ги освојуваат своите жени со искажување на емоциите низ зборови? Во кој момент за нив, а и за нас ќе признаме, стана срамно, смешно или банално да се искажат копнежот, желбата, љубовта со зборови, како што тоа некогаш го правеле господата кон своите дами и во фазата на додворување, но и многу подоцна во нивната комуникација?!

Збирката „Љубовните писма на великаните“ (Love Letters of Great Men), уште пред да постои, послужи како база за заплетот на филмот „Сексот и градот“, а подоцна беше уредена и издадена на барање на фановите. Но, идејата на сценаристот сепак не е оригинална, во 1920 било издадено дело „Љубовните писма на големите мажи И ЖЕНИ: од 18-от век до денес“ (“Love Letters of Great Men and Women: From the Eighteenth Century to the Present Day” 1920 година), дело со оригиналните писма напишани на оригинален јазик, вклучувајќи го и писмото на Бетовен. Можеби на овој начин и се „излити“ суштината на овие писма, кои постоеја како документи, како нечие вистинско минато, нечиј живот, нечија љубов и пред филмот, и пред новата збирка… Но, несомнено, популарноста на „љубовта“ на Кери и Биг ги популаризира до невидени размери зборовите на љубов, страст и очај на големиот Бетовен.

„Дури и в кревет, моите мисли копнеат по тебе, бесмртна моја љубена, некогаш радосна, потоа пак тажна… ја очекувам судбината, да видам дали ќе нè задоволи. Единствено можам да живеам со тебе или воопшто да не живеам…

Засекогаш твој.

Засекогаш свој.

Засекогаш наш.“

Да… Само… интересен е и фактот што новото издание се фокусира на писмата од господата кои исчезнаа некаде на патот од 18-от век до денес, а жените се чини сме се’ уште некако таму, некоја повеќе, некоја помалку. Барем што се однесува до тоа дека нам не ни срамно, ниту бедно, да кажеме како се чувствуваме во врска со некого. И, далеку од тоа дека некој тука е застарен или бега од фактот што денес е ера на дигитална комуникација или доба на СМС или „текстинг“, а има и најнов термин – „секстинг“: „дигитална комуникација со сексуална содржина“, знаеш… ова, она… Напротив!

…но, ние би сакале низ мрежата да прострујат вистинските емоции на сите големи мажи и жени кои некогаш или се’ уште и денес, полни со љубов, страст, надеж  или копнеж комуницирале или комуницираат преку писма со својот партнер. Воопшто не се потребни накитени фрази, важна е суштината на кажаното.

„Сакам сите мориња да бидат мои и твои, да направиш да бидам свесен за се’ околу себе, да не морам самиот да ги тапкам своите патеки“.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно