Поп пејачката Гоца Тржан ги разнежни нејзините обожаватели со фотографија која ја објави на нејзиниот Инстаграм профил. Таа споделила фотографија од нејзината ќерка Лена кога имала само три дена и опишала како се чувствувала тогаш.
Вчера ја пронајдов оваа фотографија и срцето ми застана. Мојата ќерка, стара три дена… Ќе помислиш дека е тешок тој период на неспиење, доење, температура, проодување, плачење, замор… а тогаш девојчето ќе порасне и ќе сфатиш дека би се вратила во тоа време само да ја имаш секогаш во близина и во прегратка, да те држи за рака додека спие и бара топлина од твојата кожа кога ќе почувствува и мала несигурност.
Ми недостига многу, а неможам да ја спречувам во стекнувањето на независност. Затоа драги мајки, уживајте во оној „најтежок период“ бидеји „најтешкото допрва доаѓа“, напиала Гоца во описот на фотографијата.