ФОТО: Франција во паника, огнени јазици го голтаат земјиштето

Речиси 10.000 лица се евакуирани минатата ноќ од делови на францускиот град Борм ле Мимоза, поради големиот шумски пожар што го зафати реонот југоисточно од ова популарно туристичко место на Азурниот Брег.

Претставник на локалната противпожарна бригада информира дека наредбата за евакуација била донесена откако огнот се доближил до првите куќи и вили во градот.

– Сранува збор за станбена зона, каде населението во текот на летото се зголемува двојно, па дури и тројно, нагласи тој, додавајќи дека пожарот досега уништил најмалку 400 хектати површина.
 

Властите на францускиот регион Прованса-Алпи-Азурен Брег вчера соопштијја дека оваа летна сезона пожарите во југоисточна Франција досега уништеле над 3.000 хектари површина, а биле евакуиран жителите на неколку десетици станбени објекти.

Пожарите се последица на топлото и суво време што ја зафати јужна Франција ова лето.

(Видео) Ученик и професорка страсно се бакнуваат среде час

Неименувана универзитетска професорка, наводно била избркана од своето работно место откако протече видео кое потврди дека таа се бакнувала со еден од нејзините студенти среде час.

Недоличното однесување го снимиле колегите на младиот и многу самоуверен Ромео на Државниот транспортен универзитет во Нижни Новгород, а во меѓувреме тамошните портали објавија дека снимката била направена минатата година откако училиштето добило дојава дека професорката многу лесно влетувала во романтични авантури.

Во однос на образовната институција во која е снимен скандалот, корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека младиот заводник бил полнолетен кога му паднало на памет да ги почувствува усните на својата професорка, па во овој контекст, ниту руските портали не спомнале некаква истрага.

Засега не можеа да потврдат информациите дали навистина професорката е отпуштена поради ова.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Бебе во Америка починало откако мајката го оставила да спие во рерна

Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.

Како што објави обвинителот, бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна.

Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.

„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.

Пијан полицаел застрелал жена во грб, па додека лежала на земја испукал уште 15 куршуми

На Елвис Ќустендил, осомничениот за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година, в.д. обвинител на Кантоналното обвинителство му одредил притвор, пренесува Аваз.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственик на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Припадниците на Секторот за криминалистичка полиција извршија кривична истрага, а заедно со пријавата за стореното кривично дело, пријавениот е предаден на Обвинителството.

Популарно