ВИДЕО: Монструм ја силувал ќерката повеќе од 600 пати - го чека доживотен затвор и камшикување

Татко монструм (36) од Малезија уапсен е поради вкупно 646 обвиненија за силување, сексуално злоставување и инцест над својата малолетна ќерка.

На судскиот службеник му биле потребни два дена да ги прочита сите обвиненија против мажот, кој  почнал да ја злоставува својата 15-годишна ќерка откако пред две години се развел од нејзината мајка.

Обвинет е за 599 случаи на инцест, силување и сексулано злоставување кое го извршил во период од шест месеци, додека жртвата живеела со него.

- Обвинениот ги негира сите обвиненија, а би можела да му биде изречена казна од 12.000 години затвор ако го прогласат за виновен - изјавил за АФП заменик државниот обвинител Аими Сјавзани.

Специјалниот суд за сексуални злочини против деца во Путрајаи би можел на мажот да му одреди по 20 години затвор казна за секое поединечно обвинение но и камшикување. Уапсен е во јули откако мајката на девојчето го пријавила во полиција.

Погледнете го видеото.

ВИДЕО: Сурова мајка уловена на камера како си ја тепа 2 годишната ќеркичка

Ужасот континуирано се случувал во семејството Тулумбаш во северното гратче Ѓокчебеј додека таткото бил на работа. 32-годишниот Ердем се посомневал кога во неколку наврати забележал модринки на телото на ќерката, по што одлучил да постави скриена камера во куќата.

„Каде ми е метлата? Пак ли си ми ја зела метлата?“, се слуша на снимката врескањето на мајката, што била една од причините за да почне да ја тепа беспомошната ќерка. Очајниот татко случајот го пријавил во полиција, по што против мајката монструм е покрената судска постапка.

Популарно