ФОТО: Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски потполно гол во списание

На социјалните мрежи се појави скандалозна фотографија на новиот министер за култура во  владата на Зоран Заев, Роберт Алаѓозовски, објави порталот Журнал.нет.

Според информациите, фотографијата на која министерот Алаѓозовски е пиштол гол и на која се гледаат неговите интимни делови е објавена пред околу петнаесеттина години во 62-риот број на списанието „Маргина“.

Српската амбасада во Скопје под засилено обезбедување...

Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема официјална информација од Белград зошто се повлечени дипломатите и вработените од Амбасадата на Србија во Скопје.

Од македонското МНР за МИА велат дека воспоставуваат комуникација со МНР на Србија за утврдување на причините за оваа постапка.

Се очекува во текот на денот официјално објаснување да даде шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ. Срспката амбасадорка Душанка Дивјаќ – Томиќ во изјава за српските медиуми потврдила дека целиот персонал од Амбасадата е повлечен во Белград, но рекла дека не може да коментира која е причината.

Од МНР информираат дека согласно релевантните одредби на Виенската конвенција за дипломатски односи, соодветните институции на Република Македонија преземаат мерки за заштита на безбедноста и интегритетот на Амбасадата на Република Србија во Скопје.

Сите дипломати и вработени од Амбасадата на Република Србија во Република Македонија се повлечени на итни консултации во Белград. Македонското МНР било известено од српската Амбасада оти персоналот ќе се повлече на консултации во Белград, но причината за тоа не била кажана.

Од македонското Министерство за внатрешни работи, пак, информираат дека по добиеното известување од МНР дека амбасадата на Србија се повлекува на консултации во Белград, по барање на амбасадата, превземени се мерки на зголемена безбедност на нивните објекти.

Пресврт во милионската кражба во Велес: Снаата го земала златото

Секторот за внатрешни работи Тетово целосно ја расветли кражбата на златен накит во куќа во тетовското село Боговиње, пријавена пред два дена околу 21 часот.

Според пријавеното, непознати сторители преку незаклучената врата влегле во куќата и додека снаата била во бањата, од невестински фустан во регал, во една од спалните на катот, одзеле повеќе парчиња разновиден златен накит, чија вкупна вредност се проценуваше на 2 милиони и 250 илјади денари.

-По преземените мерки и активности утврдено е дека накитот претходно кај нејзините најблиски го однела снаата, но наводно заборавила да им каже на другите, меѓу кои и на свекорот, кој ја пријавил кражбата, информираат од СВР Тетово.

Накитот вчера бил пронајден и вратен, а СВР Тетово случајот наскоро ќе го заокружи со соодветен поднесок.

Точно напладне стартува 31-от Охридски пливачки маратон

Охрид, 19. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – 22-ца пливачи, од кои 15 во машка и 7 во женска конкуренција ќе пливаат за медал на 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон.

Ќе се плива на патеката „Климе Савин“, од Св. Наум до Охрид, во должина од 30 километри.

Што се однесува до натпреварувачите, во Охрид е пливачката елита, најдобрите десет пливачи од светската ранг листа на ФИНА, што ветува јака трка и силна конкуренција. Има пливачи од Франција, Бразил, Аргентина, Канада, Италија, Германија, Холандија, Хрватска и Русија, а меѓу нив и тројца македонци – Евгениј Поп-Ацев, кој е победник на овој маратон во 2015-та година, Александар Илиевски и Александар Панчевски.

Стартот на трката ќе биде точно напладне од Св. Наум, а првите маратонци на целта на градското пристаниште се очекуваат после 17:30 часот.

Охридскиот пливачки маратон е трета, воедно и претпоследна во Гран при серијата на ФИНА, а можеби и клучна за добивање на конечниот ранг на светската листа на мартонско пливање. Наградниот фонд е во висина од 10.000 долари.

Спортската манифестација која преставува еден од амбасадорите на Охрид и нашата република има долга традиција. Првата маратонска трка е одржана во 1954 година, а првиот Охридски пливачки маратон во 1962-та.

Популарно