Борис Ефтимовски е нов претседател на ИАБ Македонија

Сопственикот на специјализираниот портал „Маркетинг365“ и професионалец од областа на маркетингот и односи со јавноста, Борис Ефтимовски, е избран за нов Претседател на ИАБ Македонија, здружението чија основна цел е развој и унапредување на дигиталниот адвертајзинг пазар.

Ефтимовски на позицијата доаѓа на местото на Игор Поповски од „ЦрноБело Медиа“ кој го предводеше здружението во изминатата година. За нов потпретседател е избран Дарко Лазаревски од „Кајгана Медиа“, а за генерален секретар на здружението реизбран е Никола Анчевски од агенцијата „Ovation“.

На изборното собрание кое минатата недела се оддржа во „Public Room“ во Скопје, собранието на ИАБ Македонија избра и нов извршен и надзорен одбор.

Новиот извршен одбор, покрај Претседателот Борис Ефтимовски, ќе го сочинуваат и: Дарко Лазаревски (Кајгана Медиа), Никола Анчевски (Ovation), Ира Бабиќ (Бренд Јунион), Дамјан Дано (IT.mk / ИВМ Нетворк), Ненад Ристевски (PublicisOne Македонија), Мери Шешо (Меккен Скопје), Сашка Николова (Медиа План) и Игор Поповски (ЦрноБело Медиа).

За членови на Надзорен одбор се избрани претставници од агенциите Хттпоол, Дирецт Медиа и Универзал Медиа.

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија е формирано во 2012 година од страна на најголемите македонски дигитални медиуми, маркетинг агенции и огласувачи, и фукнционира под лиценца на американскиот IAB со седиште во Њујорк.

Некои од главните цели и активности на здружението се: промоција на индустријата и запознавање на јавноста со можностите и бенефитите од огласувањето на интернет; организација на семинари, трибини, конференции со теми од областа на дигитални медиуми; дефинирање на стандарди за огласување на интернет, како и справување со проблемите кои произлегуваат од индустријата.

(ВИДЕО) Оделе по заледено езеро, а потоа виделе нешто бизарно!

Постојат многу луѓе кои веруваат во вонземски живот. Повеќето од нив немаат докази да ги потврдат своите уверувања, поради што луѓето мислат дека се работи за лица склони кон лажење.

Но, она што овие луѓе го пронашле на едно езеро е доволно да ги натера дури и оние најскептични личности да почнат да веруваат дека навистина не сме сами.

Фрлете поглед на ова и обидете се да дојдете до некој нормален заклучок:

НОВИОТ КОМПАКТЕН SUV CITROËN C3 AIRCROSS ВЕЌЕ ПОСТИГНА ПРОДАЖБА ОД 50.000 ВОЗИЛА

Промовиран во последниот квартал од минатата година, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross веќе постигна продажба од 50.000 возила во Европа, од кои 23.000 се во Франција. Надминувајќи ги дури и прогнозите на самиот бренд, овој успех е потврда за исклучителната привлечност на овој SUV кој е 100% Citroën! Овој нов модел е второто најдобро продавано возило на Citroën, веднаш зад C3. Тој е на чело на новата продажна офанзива на брендот, кој во јануари забележа пораст на продажбата во Европа од 19 отсто!

Промовиран во последниот квартал од 2017 година со оригинална телевизиска кампања, новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross започна со висок старт. Веќе се постигнати 50.000 продажби низ Европа, од кои 23.000 во Франција! Надминувајќи ги дури и прогнозите на самиот бренд, овој нов модел сега е второто најдобро продавано возило на Citroën, веднаш зад C3. Овие извонредни резултати го нагласуваат новото темпо на продажна офанзива на брендот.  Во споредба со јануари 2017 година, во јануари 2018 година, продажбата на Citroën во Европа се зголеми за 19%.

Со својот уникатен дизајн, модуларност, бројни можности за персонализација во комбинација со 12-те системи за помош во возењето, Citroën C3 Aircross ја потврдува својата магнетна привлечност и со богатиот микс на продажба, и тоа:

60% од нарачките се за највиското ниво на опременост “Shine”

40% од нарачките се за некоја од четирите опции за внатрешен амбиент;

30% од нарачките се за двобоен покрив и 30% за Пакет боја (во посебна боја се надолжните носачи на покривот, куќиштата на ретровизорите, рамките на фаровите и дизајнот на страничното задно стакло).

Новиот компактен SUV Citroën C3 Aircross ја освои наградата европски AUTOBEST 2018 и беше прогласен за „Автомобил на годината“ во наградите Аргус 2018 во Франција. Исто така е еден од седумте финалисти за престижните европски награди „Автомобил на годината“ за 2018 година, чии резултати ќе бидат објавени на 5-ти март.

Најавено четвртото досега најголемо издание на настаните Tech.O на тема “Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”

На 7ми март, во хотелот “Александар Палас” ќе се обединат околу 150 претприемачи, бизнис професионалци, основачи на стартапи и претставници на амбасади, организации и комори се со цел да се развие дискусија на една од најактуелните теми на денешницава - “Општествено влијание и еднаквост преку иновација и технологија”.

Настанот ќе го отвори амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет.

Присутните ќе имаат можност да се запознаат со најактуелните прашања на оваа тема и да дознаат повеќе за креирањето на успешни општествено-одговорни кампањи и социјални бизнис модели од страна на говорниците на настанот, вклучувајќи:

Едвард Гонзалес, директор за генерален развој во УСАИД Македонија 

Душко Чифлиганец, заменик генерален директор на Адора инженеринг

Љубомир Стојчески, основач на Freshys - прв ресторан за здрава брза храна, кој практикува социјален бизнис модел

Весна Кузмановиќ, ментор за социјални претпријатија

Трејси Спаркс, стратег за иновации и дизајн

После презентациите сите присутни ќе бидат упатени во ‘Social Impact’ делот каде ќе имаат можност да се запознаат и со работата на неколку стартапи, дел од кои и се наградувани за општествено влијание. Сите овие претпријатија користат иновативни пристапи и се залагаат за користење на технологијата за подобрување на работата во различни индустрии; максимално користење на ресурсите и користење на еколошки производи; отворање нови работни места за ранливи групи и друго.

Ова е четврто и досега најголемо издание од серијата на настани организирани од Валосо Хуб под име Tech.О чија цел е создавање почва за поразвиена бизнис и ИТ клима во Македонија преку иновации и нови технологии.

Овогодинешното издание ќе има хуманитарен аспект, што значи дека дел од средствата што ќе се соберат ќе бидат донирани во добротворни цели и искористени за поддршка на социјални проекти.

Доколку сакате да бидете дел од заедницата која на иновативен начин прави разлика во општеството, регистрирајте се на овој линк.

Повеќе информации за настанот можете да дознаете на официјалната веб страна на Tech.O, www.techo.mk.

Популарно