ЕКЛУЗИВНО со докази 100%: Пред 2 години Иван Исцелител претскажа со кого ќе се мажи Каролина

- Ексклузивно, со докази 100%. Во 2015 година реков во интервју за Вистина.мк, дека Каролина ќе се мажи за светол дечко со сини очи. Тоа го реков пред две години и еве сега се остварува, ни пиша Иван Исцелителот.

За целто интервју кликнете ТУКА

(ВИДЕО) Дејвид Коперфилд мораше да открие како го изведува трикот Лаки 13

Најпознатиот магионичар на светот Дејвид Коперфилд на суд мораше да открие како го изведува познатиот трик Lucky #13, откако еден посетител на последното шоу во Лас Вегас беше повреден токму при изведбата на тој трик.

Педесет и осумгодишниот Британец Гавин Кокс бил избран за изведба на трикот, но паднал и си го исчашил рамото, а тврди дека поради тоа претрпел и хронична болка и повреда на мозокот, јави Би-би-си.

Во трикот Lucky #13 Коперфилд избира 13 лица од публиката кои исчезнуваат од сцената и одеднаш се појавуваат сите тринаесетмина во задниот дел од салата, зад публиката.

Иако адвокатите се обиделе да го убедат судот дека откривањето на трикот би можело финансиски да го загрози магионичарот, судот во Лас Вегас сепак му наложи да ја открие тајната како го изведува трикот. Извршниот продуцент на Коперфилт Крис Конер во вторникот го оркри трикот.

Кога ќе се спуштат завесите, асистентите на Коперфилд брзо ги водат тринаесеттемина низ таен премин кој поминува околу MГM ресортот во Лас Вегас каде што магиничарот ја изведува точката. Ја напуштаат зградата и повторно се појавуваат во задниот дел од салата.

Британецот паднал додека го воделе низ тајниот премин и веднаш е одведен во билница. Ен-би-си њуз пишува дека Кокс тврди дека трошоците за лекување го чинеле повеќе од 400.000 долари. На прашањето дали Коперфилд е виновен за повредата на Кокс, Коперфилд рекол: „Зависи што се случило. Да сум направел нешто погрешно, јас ќе бев виновен“.

42 години била во брак со милионер, но парите ги оставил на ....

Џоан Томпсон (79) од Велс останала во шок кога слушнала на кој го оставил својот имот нејзиниот сопруг со кој била заедно повеќе од 40 години.

Нејзиниот сопруг, Винфорд Хоџа, починал на 94 годишна возраст, а Џоан се надевала дека на нејзе ќе и припадне дел од 1,5 милиони фунти вреден имот, со оглед на тоа што со него поминала половина од својот живот.

Но, таа доживеала вистински шок за време на читањето на тестаментот, кога слушнала дека целото свое богатство го остава на парот кој живеел на нивниот имот. Нејзниот сопруг ги избрал нив бидејќи "во последните неколку години од неговиот живот тие биле добри кон него".

Старецот во тестаментот исто така напишал дека неговата сопруга "финансиски е обезбедена" и дека целиот живот водела сопствени финансии, па не и се потребни пари.

Меѓутоа, нејзината заштеда изнесува 2.500 фунти, а тие не и се доволни за живот.

За среќа неправдата ја поправил судијата Милвин Жарман кој заклучил дека Хоџ погрешил и на Џоан и доделил куќа вредна 225 илјади фунти и 190 илјади фунти со кои ќе може да ја реновира куќата која ја добила и да може достоинствено да живее до крајот на животот.
Всушност старецот пред смртаа напишал дури 10 тестаменти а непосредно пред да почине на својата сопруга и кажал да не се грижи бидејќи "ќе биде добро згрижена".

Не се знае дели бил при здрав разум кога во последниот тестамент тој се предомислил па целото богатство го оставил на Карли Еванс и Агон Бериша кои живееле со своите две деца во изнајмената куќа на неговиот имот и повремено им помагале.

Судијата тоа го сметал за неправда бидејќи Томпсон поминала повеќе од 40 години од својот живот со него и се грижела за неговата мајка, имотот, па поради тоа и доделил дел од богатството.

Лекар од Македонија: Заминувам за Германија за плата што овде можам само да ја сонувам

Според податоците на Лекарската Комора, од 220 студенти кои завршуваат медицина во Скопје, дури 173 бараат да одат да работат во странство.

Еснафските здруженија алармираат дека ако продолжи овој тренд, за неколку години ќе нема доволен број на матични лекари и педијатри за најмладите. Здруженијата бараат да  добијат повеќе пари и подобри услови за да можат да го задржат кадарот во државата. Од Комората предупредуваат дека старосната граница кај матичните е 59 години.

Додека Министерството за здравството објавува огласи за ангажирање лекари во скопските клиники и болници, повеќето од македонските специјалисти со работно искуство повеќе од 20 години го фаќаат авионот за Германија, како една од најатрактивните дестинации за работа и доусовршување.

Според информациите, почетничка лекарска плата за 42 часа неделно во Германија е 4.000 илјади евра, без дежурства и прекувремени часови, а во највисоката платена група се лекарите што имаат над 12 години специјалистички стаж и добиваат околу 6.700 евра. Со дежурства, овој износ значително се зголемува, во зависност од платата на лекарите, па саботно дежурство таму е доста атрактивно, бидејќи за тоа се добиваат по 644 евра.

На овој чекор се одлучу и Катерина од Скопје, доктор по општа медицина, која околу 15 години се занимава со оваа професија. После 15 години, решава да стави крај на работата и живеачката во Македонија. Заминува во Германија.

-Учиш многу. Се жртвуваш. После тоа едвај наоѓаш работа. Работиш во никакви услови и за мизерна плата, со високи казни околу тебе, вели таа.

Наредниот месец таа заминува во Германија заедно со сопругот. Болницата каде што ќе работи и плаќа сместување. Платата ќе и биде далеку повисока отколку во Македонија.

-Нема да жалам за ништо. Знам дека ќе биде тешко на почеток, но тешко е тука. Бев патриот многу време, но не добив ништо. Сакам подобра живеачка за себе и за својата фамилија, вели Катерина.

Популарно