ВИДЕО: И Путин ја слуша „Текила и лимон“

Неодамна објавеното видео за темата “Текила и лимон” од Елена Ристеска ја доживеа својата официјална премиера и во Русија, каде што синглот е објавен под капата на издавачката куќа “Ефектив рекордс”. Пејачката ја сподели веста на социјалните мрежи, воедно најавувајќи го и видеото за ремиксот од руските диџеи “Беверли Пилс”, кој беше и првата верзија што ја слушнавме на почетокот на летото.

По македонската премиера, темата наиде на позитивни, но и негативни критики од публиката, а видеото на “Јутјуб” досега има над 300.000 прегледи. Пејачката по само неколку дена од промоцијата изјави дека е среќна што успеала домашната јавност да ја отргне од политиката за момент со оглед на тоа што сите ја коментираа нејзината песна.

ВИДЕО: 215.000 прегледи за слатките Македонки и „Слушај кај шумат шумите“

Стефан и Мартин, односно „Некст Тајм“ на својата фан страна на Фејсбук објавија оригинално видео на кое 4 девојчиња ја пеат преработката на песната „Сушам кај шумат шумите„  со која близнаците по пауза од двеипол години се вратија на сцената.

“Една од главните причини зошто се обработуваат овие стари народни изворни песни”, напишаа “Некст Тајм” под видеото.

Гледајте го видеото:

(ВИДЕО+ФОТО) Гевгеличанецот Стојанчо Бучков се пласира во финалето на бугарскиот „Х фактор“!

Македонија ќе има за кого да навива во финалните емисии на бугарскиот „Х фактор“, каде што минатиот викенд заврши и последната фаза од квалификациите пред завршните вечери во живо. Во финалето ќе се натпреваруваат 13. кандидати. Меѓу нив е, извонредниот Стојанчо Бучков од Гевгелија!

Првото финале, како што ни рече Стојанчо Бучков, ќе се одржи во недела и само деветмина најдобри продолжуваат понатаму.

Во фазата наречена „Домовите на судиите“, 22. годишниот пејач ја имаше последната шанса да го убеди менторот Криско дека заслужува место меѓу најдобрите тројца од неговата категорија, а во одлуката му помагаше познатата бугарска пејачка Јорданка Христова. Стојанчо овој пат ја отпеа баладата „Angel“ од Сара Меклаклен, а како изгледаше сето тоа можете да погледнете во продолжение.

Интересно е што многу македонски млади пејачи се одлучуват да учествуваат во слични избори на „Гранд“ и „Пинк“, но не и Бучков…

„Во тие натпреварувања го нема музичкиот формат кој јас го претпочитам, не дека ги потценувам сите кои учествуваат таму. Но, јас не пеам таква музика, туку модерна поп музика“ ни рече Стојанчо кој одвои малку време меѓу подготовките за во недела.

Во првото финале, во недела, ќе учествуваат 13. натпреварувачи кои ќе се борат за гласовите на публиката како во салата така и на тв гледачите. Му посакуваме многу успех на Стојанчо да се пласира во наредното финале..и се’ до самиот крај…

ВИДЕО: Тијана како Џастин Тимберлејк во ТЛЗП!

Тијана Дапчевиќ во најновата емисија на „Твоето лице звучи познато“ се појави како Џастин Тимберлејк.

Со песната „Can’t Stop the Feeling“, Тијана растури на сцената и направи вистинско шоу.

Настапот го започна од зад сцената, па потоа се префрли пред жирито. Тијана беше непрепознатлива и доби само пофалби од жирито.

Популарно