СВЕДОШТВО НА ПРИТВОРЕНАТА ПРАТЕНИЧКА: 16 часа ме држеа со лисици на рацете, децата ми одат на психолози- немам сторено кривично дело!

-Не можам да повторам дело кое не сум го ни извршила. Не мислам да бегам и да влијаам врз сведоци. Ги понудив и двата пасоша, ако има потреба. Немам ниту еден ден отсуство во Собранието. Мајка сум на три малолетни деца. Живеам со стари свекор и свекрва, за кои се грижам. Загрозена ми е здравствената состојба, како и на моите деца, кои се под третман на психолози, рече таа.

На јавна седница во Апелациониот суд во Скопје пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, денеска побара да ѝ биде укинат куќниот притвор, мерка која и е определена поради нејзиното учество во настаните од 27-ми април.

-Не сум сторила тероризам, не сум ја загрозила безбедноста на македонскиот народ. Повреден е законот и Уставот со моето апсење. За полицијата не важеше мојот пратенички имунитет. Бев држена 16 часа со лисици на рацете, рече Пешевска

-Не можам да повторам дело кое не сум го ни извршила. Не мислам да бегам и да влијаам врз сведоци. Ги понудив и двата пасоша, ако има потреба. Немам ниту еден ден отсуство во Собранието. Мајка сум на три малолетни деца. Живеам со стари свекор и свекрва, за кои се грижам. Загрозена ми е здравствената состојба, како и на моите деца, кои се под третман на психолози, рече таа.

Обвинителите, пак, побараа да остане мерката куќен притвор и ги отфрлија аргументите на одбраната.

До сега Апелација ги одби жалбите на претходните обвинети, кои се жалеа за продолжување на мерката притвор и ги потврди одлуките на Кривичниот суд.

-Сакам да му честитам на доблеста на народниот правобранител Иџет Мемети, кој констатира дека пратеничката била незаконски уапсена, рече нејзиниот адвокат Боро Тасевски.

Со кршењето на нејзините права се кршат човековите права на илјадници граѓани кои гласале за неа да биде пратеник, додаде адвокатот.

ФОТО: Претеник на СДСМ со навреди и потсмев кон Кире Лазаров

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, на својот ФБ профил излезе со скандалозен статус против капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров.

Лазаров се здоби со повреда на стартот на натпреварот против Шпанија и поради тоа го пропушти натпреварот против „фуријата“ до самиот финиш.

Најдобриот македонски ракометар на стартот се здоби со удар и се пожали на повреда на задната ложа. Раул Гонзалез реши да не ризикува и веднаш го повлече од игра, по што не се појави на паркетот до крајот на мечот.

По оваа повреда на Лазаров, пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири како едвај да чекаше, па на социјалните мрежи се јави со статус во кој го оспорува искуството на Кире и го обвинува нашиот капитен дека лажно е повреден.

-Кире Лазаров покажува на дело колку е искусен… Откако виде дека не ни оди против шпанците се “повреди” и нормално нема да игра до крајот на натпреварот…  #СамоВелам, напиша пратеникот на СДСМ. 

Неколку часа подоцна, пратеникот на СДСМ реши да го избрише својот статус, но принт скриновите останаа...

Ексминистерот Никола Тодоров и дедото на Тамара од Велес утре повторно на суд

Во кривичниот суд утре продолжува судењето за Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара од Велес, кој е обвинет за обид за убиство на ексминистерот Никола Тодоров. На утрешното рочиште, треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења, откако претходно адвокатката на обвинетиот побара судот да ги издвои вештачењата за нејзиниот клиент, бидејќи на вештаците им биле истечени лиценците во моментот кога го опсервирале обвинетиот. Судечкиот совет со кој претседава судијката Лаличиќ им го прифати барањето и одлучи на следната расправа да биде изготвено ново вештачење што ќе го направи ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“.

Од вештачењето треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело, дали е свесен за последиците и дали има одредени психички нарушувања. Токму поради тоа обвинетиот на минатото судско рочиште не можеше да се произнесе дали е виновен или не. Претседателот на судот, Иван Џолев, претходно не дозволи судијката од бомбите, Софија Лаличиќ, да биде изземена од постапување по предметот, како што побара адвокатката Павлина Зефиќ.

Стојановски на 1 јуни 2017 година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Дедото на Тамара е обвинет за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи. Судот му определи притвор на Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на истото кривично дело, a мерката му е продолжувана неколкупати досега.

Популарно