ВИДЕО: Премиера на „Штом сакаш“ во изведба на Тоше Проески

По повод десет годишнината од загинувањето на македонската легенда Тоше Проески денеска на една од српските радио станици премиерно беше пуштена маестралната изведба на евергринот „Штом сакаш“ на Каролина Гочева.

Песната е препеана на српски јазик и е уште една изведба која со голема радост е пречекана од верните фанови на Тоше. На 5 октомври беше промовирана и песната „Light the flame“ која била дел од материјалот со кој Тоше требаше да ја освојува светската сцена, а кон крајот на ноември и почетокот на декември се очекува и издавањето на нов албум со песни на англиски јазик.

ВИДЕО: Премиера на првата песна и видео запис на Анастасија Ражњатовиќ

По шестмесечното чекање, фановите ја дочекаа првата песна со видео запис на Анастасија Ражњатовиќ. 

„Совршен пар“ е љубовната приказна помеѓу бразилскиот модел Педро Солц и Анастасија беше снимена на неколку локации низ Белград.

Целиот текст на песната е потпишан од Ражнатовиќ, додека Дарко Димитров се погрижи за музикаата и аранжманот.

Слушајте ја првата песна, воедно и првиот видео запис на Анастасија Ражнатовиќ за „Совршен пар“.

ВИДЕО: Во Прилеп прослава за НАТО, а на „Пивофест“ NEXT TIME ја грмнаа „Ѓурѓо“ и ги повикаа „Комитите“

Синоќа прилепчани во мал број се собраа во центарот на градот за да бидат дел од прославата што ја организира Владата за поканата Македонија да биде член на НАТО и за доделувањето датум за преговори со Европската Унија. На големата бина во центарот на Прилеп настапи групата „5+“. Со прилепчани заедно славеа и пратениците Хари Локвенец, Кети Смилевска, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, како и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Прославата беше организирана од 20 часот, непосредно пред официјалниот почеток на третата фестивалска вечер на манифестацијата „Пивофест“.

По завршувањето на прославата, започна третата вечер на Прилепскиот „Пивофест“, каде едни од изведувачите беа и Некст Тајм, кои со песната „Ја излези Ѓурѓо“ ја кренаа атмосферата на највисоко ниво.

Не очекував човек како Ристо Архангел или ПМГ да си го шитнат газот за ситни пари

Клавијатуристот Слободан Стојков, познат македонски рокер и некогашен член на бендови како „Мизар“ и Архангел, на „Фејсбук“ со остри критики кон музичарите кои ќе настапуваат на забавите платени од владата.

– Ја разбирам дека има копиљаци кои се декларираат како „партиципиенти“ во рокенролот во Македонија, разбирам и дека у ова невреме и немаштија, моралната страна на многу самопрогласени и таканаречени „рокери“ не е баш јака страна, а тука е и „благонаклонетата“ и „дарежлива“ влада на С.М., која не бира начин како да не дотепа за да ги оствари своите гнасни сотонски планови. Арно ама, освен оние неколку музиканти на хунтата, за кои се знае во јавноста, не очекував човек како Ристо Архангел или ПМГ да си го ситнат газот за ситни пари. Криза на морал, а? Или дворски музиканти ќе стануете. Утре и на муртинецот на свадба ќе му пеете, клошаришта едни – напиша тој.

Популарно