Skopje Cocktail Week, нов настан во градот кој ја слави коктел културата

Втората половина на Октомври резервирајте ја за есенски прошетки низ скопските улици и локалите кои се дел од Skopje Cocktail Week. Она што ќе може да го искусите се совршено креирани коктели наменети за сезоната што следи.

Во периодот од 18ти до 25ти Октомври, за прв пат годинава, се одржува Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак - компанија која 25 години е присутна на пазарот  како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови:  Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Идејата, преку овој „фестивалски„ настан, е да им се даде поддршка на локалите да ја креираат својата понуда според високи светски стандарди, а со тоа и да им се овозможи едно поинакво искуство на гостите во локалите за оваа есен/зима сезона.

„Во текот на годината како компанија, организираме голем број на обуки за бармените низ Македонија, па и овој пат преку работилница која ќе се одржи ден пред да започне Skopje Cocktail Week, сакаме да ги информираме и едуцираме сопствениците на локалите и бармените за новитетите во сезоната што следува. Станува збор за избор за коктели кои се соодветни за служење во зимскиот период. Драго ни е што сопствениците и бармените на локалите се се` повеќе заинтересирани за нашите обуки и за развој на коктел културата. Во услови на динамичен пазар и голема конкуренција на локали, сопствениците секогаш се трудат да бидат поинакви во поглед на својата понуда. На овој начин ние им даваме поддршка за да успеат во својата намера.„ – изјави Ива Сотировска, раководител на маркетинг секторот во Гемак.

Во рамките на настанот , кој ќе трае од 18ти до  25ти Октомври, ќе бидат опфатени вкупно 13 локали во кои посетителите ќе можат да нарачаат и пробаат, 7 различни коктели креирани само за овој настан. Дополнително, гостите ќе имаат можност да добијат интересни подароци од  промотивниот тим на Skopje Cocktail Week.

Идејата  е настанот да има и свои следни изданија, не само во Скопје, туку и во градовите низ државата.

Се гледаме на Skopje Cocktail Week!

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно