Конечно можете да дознаете кој го гледал вашиот профил на Фејсбук

„Фејсбук“ е најпопуларна социјална мрежа на која милион луѓе коментираат, споделуваат детали од својот приватен и професионален живот и комуницираат. 

Секако, секој од нас сака да знае кој му го посетил профилот, тоа ни е во природата. Затоа, постојат неколку трикови што можат да ви го покажат тоа.

Првата метода е со помош на изворот на кодот (Source Code). За да ја искористите оваа метода, треба да одите на вашиот „timeline“ и со десен клик да одите на „View Page Source“.

Овој чекор ќе ве пренасочи на страница на која ќе видите многу кодови. Со помош на CTRL+F ќе ви се појави мало прозорче на десниот дел од страницата. Во него напишете „InitialChatFriendsLists“ (без наводници). 

Ќе ви излезе листа на броеви што ги претставуваат профилите на вашите посетители. Повторно одете на „Фејсбук“ и пастирајте го профилниот ID, со тоа што пред него мора да ставите „\“. 

За да ви е појасно, погледнете го видеото во продолжение:

Ако не сте задоволни со оваа метода, постои и друга, екстензија за „Гугл“ што можете да ја преземете ТУКА.

Вториот чекор е логирање на вашиот фејсбук-профил. Ќе видите дека се појавил дополнителен таб „Visitor“ на левата алатна лента. Кликнете и ќе ви се појави листа на посетители, заедно со времето кога биле на вашиот профил.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно