За што служат копчињата од F1 до F12 на компјутерската тастатура?

Оние кои никогаш не ги употребиле копчињата од F1 до F12 на компјутерската тастатура најверојатно и не знаат за што се користат.

Овој мал водич ќе ви помогне да научите за што се користат и да ги применувате, бидејќи може многу да ви помогнат и да ви заштедат време. Сепак се со намена ставени таму, нели?

F1 – Ја отвора опцијата Help за речиси секоја програма

F2 – Овозможува промена на името на документ или фајл

F3 – Ја отвора опцијата за пребарување врзано за апликацијата што е отворена во моментот

F4 – Со истовремено притискање на копчињата Alt и F4 се затвора активен прозорец

F5 – Овозможува освежување на страница или документ

F6 – Го поместува курсорот на полето за адреса на речиси сите интернет пребарувачи

F7 – Овозможува проверка на правописни и граматички грешки во Microsoft апликации како MS Word

F8 – Ова копче овозможува пристап до менито „boot“ во OS Windows при гасење на компјутерот

F9 – Овозможува освежување на документи во MS Word и праќање мејлови во рамките на MS Outlook

F10 – Го активира мени барот во отворената апликација. Истовремено притиснување на копчињата Shift и F10 има иста функција како десен клик на глушецот.

F11 – Активирање и деактивирање на гледањето содржини на цел екран во рамките на интернет пребарувач

F12 – Го отвора прозорецот со опцијата Save as во MS Word.

Ќе се бришат милиони сметки на Gmail

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа.

Google уште во мај објави дека ќе започне со бришење на сметките кои се неактивни две или повеќе години.

Пред ова, компанијата би ја бришела само содржината зачувана на сметката, а не самата сметка. Промената би требало да ја зајакне безбедноста, бидејќи неискористените сметки се подложни на компромитирање.

Google соопшти дека бришењето ќе започне во декември 2023 година, што е само еден месец од сега.

Ако имате неактивна сметка што сакате да ја зачувате, сè уште имате време да го сторите тоа. Технолошкиот гигант го започнува процесот во фази, почнувајќи со сметки кои се креирани и никогаш повеќе не се користат.

Одлуката за бришење се однесува само на личните сметки, но не ги вклучува сметките од организации како што се училишта и бизниси. 

Ватсап наредниве недели овозможува два профила на еден телефон

За луѓето кои имаат приватен и деловен профил на „Ватсап“ или пак два профила од иста природа, наскоро нема да им требаат два мобилни телефона.

Апликацијата ќе им овозможи на своите корисници да имаат два профила на еден уред. Но, условот е корисникот да има два телефонски броја или мобилниот телефон да поддржува е-СИМ или двојна т.е. повеќенаменска СИМ-картичка.

Од „Ватсап“ велат дека сега веќе нема да треба да се одјавите од еден профил за да влезете во друг, туку ќе биде овозможен истовремен пристап до двата профила. За тоа се бира опцијата „Сетингс“ во апликацијата, се кликнува на стрелката до името и се бира „Додај профил“.

Секој профил има посебни поставки за приватност, па може да се избере примање известувања само од една сметка. Ова е полезно доколку корисникот е на одмор и не сака да добива пораки од работа.

Годинава претходно на корисниците им беше дадена можност да пристапат до еден профил од повеќе уреди. Новото ажурирање ќе пристигне на уредите со „Андроид“ наредниве недели.

Икс воведува опции кои корисниците долго време ги посакуваа

Социјалната мрежа Икс почна да ја воведува услугата за аудио и видеоповици. Опциите може да се најдат во делот „Поставки“ за „Директни пораки“, а новите функции може и да се исклучат.

Оваа новина во август ја најави извршната директорка Линда Јакарино, истакнувајќи дека ова е само чекор во еволуцијата на платфрмата кон тоа да стане „апликација за секого“, исто како што напомна и сопственикот Илон Маск.

Корисниците ќе имаат можност да изберат опција за одобрување повици само од одредени корисници, по избор.   

Популарно