Во бикини среде јануари - Каролина Гочева објави фотографија од медениот месец

Поп-дивата Каролина Гочевa извесен период ужива во медениот месец, заедно со својот сопруг, посетувајќи различни дестинации. После ладната Канада, тие одлучија да отпатуваат за Тулум, Мексико.

Таа и Михаил уживаат во луксузен хотел, одалечен 32 километри од Акумал.

Пејачката одлучи да ги почести своите фанови со фотографија преку која ќе го долови рајот во кој ужива во моментов.

Погледнете:

 

Dream catcher 🇲🇽

A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva) on

Анабела во војна со Џоле Џогани: Куп навреди за семејството на својот поранешен сопруг

Откако Џоле Џогани и испрати порака на својта внука Луна во која жестоко ја критикува за нејзиното однесување во јавноста, се огласи и нејзината мајка Анабела Атијас.

Анабела очигледно е бесна на својот некогашен девер бидејќи и рекол дека не требала да ја поддржи Луна во работите кои досега ги правела, туку дека требала да ја насочи како да не ги покажува своите најлоши особини.

(ФОТО) Помалку познати нешта за Влатко Илиевски кои му беа во срце, но ретко зборуваше јавно

Помина повеќе од една недела откако Влатко Илиевски стана ѕвезда која сјае од небото и за голема жал ги напушти семејството, саканите, пријателите, роднините, колегите, обожавателите… а тагата по него и неверувањето не поминуваат.

Тешко се прифаќа фактот дека повеќе го нема, особено кога на радио или ТВ во спомен ќе ги слушнеме и погледнеме неговите песни и спотови. Рапавиот глас кој веднаш ни ѕвони во ушите и не потсетува на ужасната вистина дека Влатче повеќе го нема.

Деновиве во медиумите се појавија многу проштални пораки, но и спотот на песната „До крајот“ кој е снимен пред две години, а Влатко ја чувал за некое друго време.

Инаку, оние што подобро го познаваат  или редовно го следеа на социјалните мрежи, занаат дека тој беше сестрана душа на која уметноста и уникатноста му е во секој здив и тоа сакана со цело срце.

Па така, многу ги сакаше уметничките слики со кловнови, а такви имаше и во својот дом.

Влатко беше колекционер на плочи за кои издвојуваше доста.

Во срцето му беа и автомобилите олдтајмери, а особено од марката Мерцедес.

Последна негова активност беше тоа што сакаше да ги украсува труповите на гитарите со апликации од рок пејачи и групи.

Неговиот двор за кој неколкупати пишувавме каде  знаеше и да ја покани редакцијата на гости, изгледаше посебно, дел со винтиџ детали, дел со модерни и специфични моменти.

И за крај, а знаеме дека им уште многу…. Влатко Илиевски ги обожаваше животните, особено мачките – двете персијки  без кои не заспиваше.

Твојот секс, гадостите, тепачките... - Џоле Џогани и испрати порака на неговата внука во која жестоко ја осудува, овие зборови доста време ќе ја болат

Луна Џогани се наиде на мета во јавноста, но и во семејството откако започна врска со оженетиот Слободан Радоновиќ.

Нејзиниот чичко Џоле Џогани го осуди нејзиното однесување, па и испрати порака во која нашироко објаснува што смета за погрешно. 

- Драга Луна, оној ден не стигнавме да зборуваме и искрено да ти го кажам своето мислење за настапот во реалното шоу. Ти знаеш дека бев против тоа, но на крајот не одлучувам јас туку твоите родители и ти, со тоа дека ти како полнолетна ја превзема одговорноста за своите постапки, дела и не дела која ги правиш, одговорна си за однесувањето и на крајот ако добиеш награда во смисла на убави зборови или критики, и тоа е твое. Тоа нема врска со нас, ние сме одговорни за нашите малолетни деца додека не наполнат 18 години. Ние во емисија не сме те нападнале тебе како личност и дете од семејството, туку сме изјавиле дека не си се „покажала најдобро“. Го осудивме твоето однесување, тоа се две различни работи - личност и однесување.  А ти мораш да признаеш дека добро не се однесуваше  во многу ситуации, твоите хистерии, бес, лупања, удирања, љубомроа, тепања и уште многу други работи за кои луѓето те осудуваат,  што девојките на твои години ова не прават, да не зборам за сексот и зборовите изговорени во тие ситуации. Не осудувам што си се заљубила, јас ти направив видео  кое и го виде, тоа беше мојот став. Љубовта нема никаква врска со твоето однесување, и на крајот кога се заврши и си дојде дома, ти реков оди на море и исклучи го телефонот да не бидеш достапна за сите, малку луѓето да заборават на сите твои глупости. А ти ставаш слики со голи задници, а новинари ко новинари, кај нив шоуто не е завршено, па сега продолжуваат твојте гадости да ги пишуваат. До кога? Не заборавај дека не си единствена ти Џогани, се тоа што го направи и го правиш влијае на сите од семејството Џогани. Јас 25 години го градам овој бренд а ти за само неколку месеци фрли се во вода, не е фер ако имаш малку срце ќе знаеш тоа да го почитуваш, ова е пораката која беше испратена на Луна од нејзиниот чичко. 

Популарно