Цеца и Аца Лукас се на црната листа на САД

САД на српската пејачка Цеца не ѝ ги простува гревовите од бракот со Жељко Ражнатовиќ – Аркан, кого го оценуваат како воен злосторник и криминалец.

На црната листа на САД се наоѓаат и Светлана Ражнатовиќ – Цеца, Војислав Шешељ, Аца Лукас, Мерима Његомир, Горан Радосавлјевиќ Гури, како и началникот на генералштабот Љубиша Диковиќ, објави српски Телеграф.

Се наведува дека САД на српската пејачка Цеца не ѝ ги простува гревовите од бракот со Жељко Ражнатовиќ – Аркан, кого го оценуваат како воен злосторник и криминалец.

На списокот се наоѓа и Војислав Шешељ поради воената реторика, иако е ослободен во Хаг. Тој има и блокирани сметки во САД, каде што заработувал како преведувач.

Последен на списокот се најде и началникот Генералштабот, Љубиша Диковиќ, на кого амбасадата одбила да му издаде виза. Тој требало да патува во САД за да одржи предавање. 

ВИДЕО: Дара Бубамара потроши 7.000 евра само за ова

Дара Бубамара на импресивен начин го отвори својот концерт во „Штарк Арената“, која била исполнета до последното место. Пејачката својот спектакл го започнала така што излегла со огромен дијамант кој вреди 7000 евра, а тогаш ја запеала песната „Опасен“.

Обожавателите во Арената паднале во транс, и веднаш почнале да пејат на глас. Се ределе хитовите како што се „Амнезија“, „Пали мали“ и останатите.

Како Дара Бубамара го отвори концертот погледнете ТУКА

Марина Туцаковиќ откри каква е нејзината здравствена состојба

Марина Туцаковиќ најголемиот текстописец која некогаш се појавил на просторите во бивша Југославија, неодамна и беше откриена тешка болест.

Одењето на Марина Туцаковиќ на лечење на институтот за онкологија и радиологија во Клиничкиот центар во Србија ја потресе домашната естрада а и пошироко, со обзир на тоа дека со поголем број на познати пеачи е во многу добри односи, бидејќи позади нивниот успех стојат бројни нејзини текстови.

Сите тие јавно ја изразиле нивната подршка, а Туцаковиќ која е пуштена на домашно лекување дала изјава за својата моментална состојба.

- Не сум многу добра, но не размислувам за тоа. Не се оптеретувам, ќе видиме, позитивна сум и понатаму – рекла Марина

- Колегите ми упатуваа голема подршка, и тоа е секогаш добродојдено, бидејќи кога некој ви посакува добро, тоа секако ви оди во прилог. Што се однесува до лекарите и персоналот од институтот, имам исклучиво добро искуство.

ФОТО: Емина Јаховиќ покажа со кого го дели креветот

Пејачката Емина Јаховиќ неодамна се најде во центарот на медиумското интересирање поради разводот од Мустафа Сандал со кого беше 10 години во брак.

Таа од тогаш постојано вежба и работи на себе, па снимките и фотографиите од приватниот живот ги споделува на социјалните мрежи.

Сега сподели со кого го дели креветот, а во прашање е нејзиното куче Лола.

„Вака се разбудив. Она кога не смеам да се мрднам, Лола да не се разбуди“, напиша пејачката на Инстаграм.

Популарно