(ВИДЕО) Жена се соблече топлес и го навредуваше Земан на гласачко место

За да го спречи чешкиот претседател, Милош Земан да гласа на претседателските избори жена се соблече топлес. 

На видеото кое го објавија чешките медиуми може да се види дека жената ја соблекува горната облека и започнува да извикува погрдни зборови на англиски јазик против Земан.

Го споменува Земан, но и рускиот претседател, Владимир Путин. 

Феминистичката група „Фемен“ од Украина соопшти дека идентитетот на жената е Ангелина Дијаш, која по потекло е од Украина. 

Земан го напуштил гласачкото место, по што повторно се вратил назад и го остварил своето право на глас.

Повеќе од осум милиони Чеси денеска и утре ќе излезат на вторите директни претседателски избори.

Во првиот круг граѓаните имаат избор помеѓу девет кандидати меѓу кои, според предизборните анкети, најголеми шанси освен Милош Земан, во евентуалниот втор круг има и долгогодишниот претседател на Академијата на науки на Чешка, Јиржи Драхош, кој се залага за влез на Чешка во еврозоната.

Резултатите од првиот круг ќе се објават утре. 

Во„Сити мол“, фатени возила со оружје и дрога

Голема акција на МВР вечерва се одвива на третиот кат во паркингот на „Сити мол“. Полицијата фатила две возила со дрога и оружје.

Според се’ уште непотврдени информации, во акцијата се уапсени две лица, извесен Шеваљ од Грчец или негов возач и брат на член од обезбедувањето на Зоран Заев.

За настанот побаравме информациа од МВР, но засега немаме ниту потврда, ниту демант.

Повеќе детали најавуваме за подоцна…

Вечерва МВР го тресе Сити мол

Вечерва се одвива голема полициска акција на третиот кат во паркингот на Сити мол. Полицијата фатила две возила со дрога и оружје, мерцедес и уште едно возило за кое засега немаме информации која марка е, дознава порталот Република.

Портпаролот на МВР само кратко изјави дека кога ќе има повеќе информации дополнително ќе не информира и додаде дека доколку има полициска акција, најпрво таа мора да заврши за МВР да излезе со детали за истата.

Повеќе информации очекувајте во текот на вечерта.

Пресврт во приказната со старицата од Скопјанка

По пријава на градоначалникот Петре Шилегов, тим од Центарот за социјална работа Скопје направил увид во станот во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром и констатирал дека таму живее сама 65-годишна жена, која е сопственик на станот и корисник на пензија. Таа имала и ќерка, која не живее со неа, но согласно Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа.

- До месец јануари оваа година со неа живеела нејзината 90-годишна мајка која починала. Социјалните работници не се стручни да дадат мислење за здравствената состојба на жената. Во однос на социјалниот аспект констатирано е дека жената има ќерка која согласно со Законот за социјална заштита е должна да се грижи за неа и според нејзина изјава повремено ја посетувала мајката. Жената е корисник на пензија и има стан во нејзина сопственост. Согласно Законот за социјална заштита, Центарот за социјална работа нема надлежност да постапува бидејки ќерката има обврска да се грижи за мајката, за нејзината здравствена состојба и одржувањето на личната и хигиената во станот​, се вели во соопштението од Министерството за труд и социјална политика. 

Посочуваат дека со оглед на целокупната состојба стручен тим од ЦСР Скопје од Службата за заштита на стари и возрасни лица е на терен за да изврши разговор со ќерката и да и укаже на нејзините обврски согласно со Законот и остварувањето на правата од областа на социјалната заштита. Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека социјални работници и во иднина ќе го следат случајот.

- Исто така, сакаме да известиме дека во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа во изминатиот период во врска со ова немало никаква пријава за постапување и излегување на терен, се додава во соопштението. 

Од МВР претпладнето за МИА информираа дека е исчистен станот во зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром, од каде синоќа се ширеше непријатна миризба.

Од страна на екипа на АРМ, со апаратура е констатирано дека се работи за амонијак од употребени пелени. На местото на настанот излегле и служби од Министерство за здравство - Центар за јавно здравје, Дирекцијата за заштита и спасување.

Од МВР информираа дека синоќа околу 18.50 часот било пријавено дека во влезот брoj 1 на булевар „Кузман Јосифовски Питу“ се чувствува непријатна миризба и граѓаните се жалат на печење во очите и оти претпоставуваат дека најверојатно е фрлен солзавец. Излезено е на местото на настанот, при што е констатирана силна непријатна миризба.

- Од страна на Противпожарна екипа отворени се сите врати од помошните простории, по што миризбата се изгубила, освен на вториот кат во стан сопственост на С.С.(64), каде живее со нејзината ќерка и двајца внуци, велат од МВР. 

Како што претходно објави МИА, непријатна миризба од употребени пелени беше причината за евакуација на жителите од зградата во ТЦ „Скопјанка“ во Аеродром. По извршената дезинфекција и по шест часа минати надвор, доцна синоќа граѓаните се вратени во своите домови.

Синоќа жителите ги посети скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Популарно