СТРАШНО!!! Оглас од зоолошка: „Нахранете ги нашите лавови со вашите непосакувани домашни миленици“

За оние кои што сакаат да се ослободат од своите домашни миленици, зоолошките градини од Копенхаген и Гивскуд во Данска се подготвени да ги превземат, со цел со нив да ги нахранат крволочните животни како што се лавовите, тигрите, волците и други.

Тие кои што ќе сакаат да донираат коњ, ќе мора да почекаат три месеци поради слабите капацитети на замрзување, додека пак помалите миленици веднаш можат да бидат превземени. Моментално, зоолошката градина во Копенхаген добива од пет до шест глодари (најчесто зајаци) месечно и тие секогаш велат дека се отворени за „животински донации“.

„Добро е дивите животни да имаат разновидна храна, да не јадат само коњско месо или говедско. Покрај тоа, тие го добиваат и крзното кое што им е потребно за забите, а цревата на глодарите се многу здрави за нив“, изјавила Ен-Софи Елер, чувар на животни.

Зоолошките градини не се отворени само за бесплатна храна, туку на донаторите им даваат и „психолошка поддршка“. На родителите кои што ги донирале миленичињата на своите деца, ги советуваат од приказните за „рајот за зајаците“. Во духот на данските Зоолошки е да се прикаже природата – природно, без животинското царство да се идеализира како во цртаните на Дизни. Затоа, поранешните сопственици имаат право да присуствуваат на погубувањето на своите миленици.

„Луѓето се потресени, така што поминуваме долго време за да им објасниме што ќе се случи. Мислам дека луѓето повеќе би сакале нивните миленици да завршат „повозвишено“ од закопувањето или кремирањето“, додава Ен-Софи Елер.

Иако се смета дека предаторите се посреќни кога ќе добијат поголеми животни, зоолошките градини прифаќаат претежно помали миленици.

(Видео) Ученик и професорка страсно се бакнуваат среде час

Неименувана универзитетска професорка, наводно била избркана од своето работно место откако протече видео кое потврди дека таа се бакнувала со еден од нејзините студенти среде час.

Недоличното однесување го снимиле колегите на младиот и многу самоуверен Ромео на Државниот транспортен универзитет во Нижни Новгород, а во меѓувреме тамошните портали објавија дека снимката била направена минатата година откако училиштето добило дојава дека професорката многу лесно влетувала во романтични авантури.

Во однос на образовната институција во која е снимен скандалот, корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека младиот заводник бил полнолетен кога му паднало на памет да ги почувствува усните на својата професорка, па во овој контекст, ниту руските портали не спомнале некаква истрага.

Засега не можеа да потврдат информациите дали навистина професорката е отпуштена поради ова.

Целото видео можете да го погледнете ОВДЕ

Бебе во Америка починало откако мајката го оставила да спие во рерна

Мараја Томас од Канзас Сити, Мисури беше обвинета за загрозување на благосостојбата на дете.

Како што објави обвинителот, бебе починало откако неговата мајка по грешка го заспала во рерна.

Во петокот попладне полицијата реагираше на пријава за бебе кое не дише. Во изјавата за веројатната причина се наведува дека брзата помош го нашла детето со видливи изгореници. Бебето е констатирано мртво на местото на настанот.

Во соопштението за медиумите се наведува дека сведокот рекол дека мајката „го заспала детето и случајно го ставила во рерна наместо во креветчето“. Полицијата не прецизираше како точно дошло до грешката, пишува Sky News.

„Ја препознаваме ужасната природа на оваа трагедија и нашите срца се тешки поради загубата на овој скапоцен живот. Веруваме дека системот на кривичната правда соодветно ќе одговори на овие ужасни околности“, рече окружниот обвинител на округот Џексон, Жан Питер Бејкер.

Пијан полицаел застрелал жена во грб, па додека лежала на земја испукал уште 15 куршуми

На Елвис Ќустендил, осомничениот за убиството на Амра Кахримановиќ на 7 февруари 2024 година, в.д. обвинител на Кантоналното обвинителство му одредил притвор, пренесува Аваз.

Ќустендил е осомничен дека откако Амра Кахримановиќ, косопственик на ресторан во Трговскиот центар Сјењак во Тузла, дошла околу 21:00 часот да го затвори ресторанот и да ја напушти просторијата, тој одеднаш станал, ја следел жртвата во ходникот на трговскиот центар и од непосредна близина на подмолен начин испукал еден истрел во грбот на повредената.

Пукал, со службен пиштол, со оглед на тоа дека убиецот е полицаец.

Откако ја застрелал во грб, додека жртвата лежела на подот, испукал уште петнаесет истрели во различни делови од телото и ја убил.

Набргу по настанот, осомничениот бил приведен од припадници на Единицата за поддршка на МВР ТК пред зградата во која живее во Тузла.

Припадниците на Секторот за криминалистичка полиција извршија кривична истрага, а заедно со пријавата за стореното кривично дело, пријавениот е предаден на Обвинителството.

Популарно