Изберете карта и дознајте ја иднината

Луѓето од секогаш ги интересирало што носи идноната, па се обидувале да најдат начини да ја предвидат. Пред вас има 4 карти со убави жени . Зад секоја од нив лежи нешто интересно за вашата иднина. Изберете карта и видете што ве чека, барем за забава.

1. Те очекуваат љубовни авантури.

Сосема брзо во вашиот живот ќе се појави романса. Ако веќе имате близок близу вас, уверете се дека ќе уживате во неговата грижа и внимание. Нов романтичен период ќе започне во вашата врска. Невенчаните долго нема да бидат осамени, бидејќи љубовта наскоро ќе се појави во нивните животи. Бидете отворени за светот.

2. Море на бои.

Тагата ќе исчезне од твојот живот. Ќе имате одлична можност да започнете нешто ново, интересно и непознато за вас досега. Ќе најдете работи што дури и не знаете дека постоеле. Не плашете се да експериментирате – ќе успеете!

3. Вашиот живот ќе биде мирен и стабилен.

Сите ваши прашања и проблеми ќе бидат решени на најнеочекуван начин. Стравувањата и лошите чувства, кои долго време се дел од животот, исто така ќе бидат елиминирани. Вие конечно ќе можете да се опуштите и да уживате во животот.

Бидејќи овој мирен период ќе трае доволно долго, ќе можете да соберете сила за нови предизвици и искуства.

4. Обрни внимание на себе.

Доколку досега, поради некоја причина, не сте обрнале внимание на себе како изглед, здравје, работа, тоа ќе се промени. Сјајот ве очекува во сите сфери од вашиот живот. Љубителите ќе бидат горди на вас, а другите ќе ви се восхитуваат. Периодот е соодветен за создавање на нови и вредни контакти.

(Фото) Оваа крава е продадена за 4,8 милиони долари, еве што ја прави посебна

Гинисовата книга на рекорди собира бројни, интересни достигнувања на едно место, а сега на таа листа се запиша и една крава.

Виатина-19, крава од Бразил, стана најскапата крава продадена на аукција.

Вредноста на кравите Нелоре лежи во висококвалитетното месо кое се истакнува по својата мекост и вкус.

-Признавањето на нашата сакана Виатина-19 од Гинисовата книга не е само лично достигнување, туку и извонредна пресвртница во историјата на расата Нелоре и генетското подобрување во целина, рече одгледувачот.

Оваа крава го собори Гинисовиот рекорд откако беше продадена за 4,8 милиони долари.

Кравата Нелоре се карактеризира со светло бело крзно, лабава кожа и грпка.

Кога бебето почнува да си го препознава името?

Во текот на првата година од животот, кај едно бебе има доста пресвртници, а можеби едно од најбитните нешта е она кога ќе почне да го препознава и да одговара на довикнувањето на неговото или нејзиното име.

Според науката, препознавањето имиња се случува поради тн. „рецептивен јазик“ што вклучува обработка на изговорените зборови и гласови. Така, оваа уникатна радост за родителот кога малечкото ќе ја сврти главата откако ќе го чуе своето име, обично се јавува неколку месеци пред првиот роденден. Меѓутоа, важно е да се забележи дека бебињата своите јазични вештини ги развиваат секое во различно време, пишува списанието „Перентс“ (Parents).

Повеќето бебиња почнуваат да го препознаваат своето име на возраст меѓу четири и девет месеци. Штом бебето ќе ја совлада оваа вештина, може да се забележи дека тоа продолжува да го гледа возрасниот – или други реакции, кога и некој да го повика по име.

Родителите веројатно ќе забележат и други промени поврзани со говорот пред тоа. На возраст меѓу четири и шест месеци, на пр., бебето обично веќе може да почувтвува промени во тонот кога нелкој му зборува, според Американското здружение за говор, јазик и слух (АСЛХА).

Не’ очекува космичка експлозија видлива со голо око, се случува еднаш во 80 години

Небесниот танц меѓу две ѕвезди оддалечени 3.000 светлосни години ќе резултира со толку силна експлозија што ќе биде видлива со голо око со денови, изјавија во петокот астрономите од Универзитетот Нотингем Трент.

Експлозијата што се случува еднаш во животот во системот T Coronae Borealis ќе се појави како светла нова ѕвезда на ноќното небо, пред да избледи и да исчезне повторно во следните 80 години.

Професорот Даниел Браун објаснува дека овој небесен настан се нарекува „нова“, кога сјајот на ѕвездата брзо се зголемува.

Според него, не е лесно да се предвиди кога ќе се случи тој настан, но верува дека тоа би можело да се случи во секое време до септември.

„Почестени сме, ќе видиме т.н нова ѕвезда на небото“, рече Браун, посочувајќи дека T Coronae Borealis всушност не е една ѕвезда, туку две ѕвезди кои орбитираат една околу друга.

„Сега е време за уште една ваква експлозија за T Coronae Borealis, чија светлина од 11 mag, едвај видлива на темното небо, ќе се зголеми на 2 mag, споредлива со ѕвездите во Големата Мечка и ќе биде видлива со голо око дури и на загадено небо. „Новата“ ќе стане видлива во близина на соѕвездието Херкулес.

Астрономите објаснуваат дека овие „нови“ во суштина се како водородни бомби.

Популарно