Се зборуваше дека не и е верен – ова е сопругата на Горан Бреговиќ со која е во брак 25 години

Веќе 25 години музичарот Горан Бреговиќ е во брак со сопругата Џенана Судуџук. Со години се зборуваше дека имал разни афери, кои скоро биле јавни.

Но сите тие приказни неговата сопруга стоечки ги издржа. Му подари три деца, ќерките Ема, Лула и Уна. На наводните приказни за неверства Бреговиќ не се осврнува, но и тоа како ја фали својата поубава половина.

-Треба да се жените. Морате да имате некој во животот за да направите рамнотежа, за животот да не ви превагне на една страна. Бракот и семејството служат за тоа. Да постои некоја гравитација, а тоа посебно важи за занимање како моето – признава Бреговиќ.

Кога станува збор за убавината на неговата сопруга, таа е неоспорна. Џенана пак низ смеа вели поинаку.

-Ма каква убавица. Јас сум старица. Но можете да ме прашате како се чувствувам како мајка чија ќерка е уметничка- вели сопругата на Бреговиќ.

(ФОТО) На Мелита ќе ѝ пукнат силиконите

Поранешната водителка Мелита Ракичевиќ постојано објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи. Многупати нејзините следбеници ѝ замеруваат што користи фотошоп за да си ги зголеми усните, издолжи нозете или да ја намали половината. Но, овој пат ѝ замерија за силиконите. Покрај една од фотографиите каde што во прв ред се нејзините гради, оставија коментари дека или претерала со фотошопот или дека ќе ѝ пукнат силиконите.

ФОТО: Сопругот ме поддржува кога се разголувам

Една од најзгодните поп пејачки во Македонија, Наташа Малинкова неодамна го сврте вниманието на јавноста кога за време на ракометното првенство објави фотографија на која навива топлес за Македонија.

„Малинкова му ги покажа градите на Столе Стоилов“ беше сосема доволно да придвижи лавина од коментари на социјалните мрежи. Во интервју за „Репортер“ поп-пејачката на шега вели: „Ама и сопругот гледаше со мене, ние сме страсни навивачи, па решивме вечерта страсно да навиваме. Е откако ја објавивме фотографијата, на која навивам топлес, ама сум свртена со грб па реално градите не се гледаа, прочитав сè и сешто за мене“, искрена е Малинкова. Таа вели дека има целосна поддршка од својот сопруг во тоа што го работи, па и кога се фотографира малку разголена или провокативна, сè е тоа во контекст на нејзината музичка кариера.

ФОТО: Перо Камиказа се набилда, па се соблече на ФБ

Поранешниот актер, и член на легендарната музичка група „Меморија“, Петар Георгиевски Камиказа, на Фејсбук објави фотографија од теретаната каде вежбал, на која е разголем до папокот.

Камиказа под фотографијата наведе дека неговото мускулесто тело е резултат на многу сланина, јајца, урда, сарми, помалку трчање.

„Многу сланина, јајца, урда, сарма, помалку трчање, и оп 92 кила. Од утре пост, повеќе трчање, помалку кила. Духовно и телесно прочистување. Да сте живи и здраави. Вегани од утре сум од ваша“, напиша Камиказа на објавената фотографија.

Популарно