Одвел прекрасна девојка во кревет и дознал дека таа е надарен маж, па напишал писмо за искуството!

После едноноќна авантура на овој маж му се променил животот, се што знаел претходно за себе се нашло под прашалник. Сега бара совет од порталот The Sun,од нивната колумнистка Dear Deidre.

Ова е неговата приказна и советот кој го добил:

Драга Deidre,

Јас сум маж од 46 години и секогаш сум сакал жени. Бев оженет 24 години пред да се разведам, но никогаш никој не се пожалил од мене, барем не на секс.

Неодамна ми се јави стар пријател и ми предложи заедно да излеземе. Прво излеговме во бар во градот каде што ми предложи да идеме во геј бар каде што веќе претходно одел.

Не бев воодушевен, но ми рече дека таму има секакви луѓе и дека навистина атмосферата е прекрасна. Прифатив и морам да признаам дека супер се забавував. Барот беше преполн, музиката беше одлична и навистина беше забавно. Потоа една девојка почна да игра со мене. Мислам дека имаше околу 35 години, со прекрасна насмевка и огромни очи кои ме повикуваа на авантура.

Ми рече да и ја платам пијачката и знаев дека имам шанси.

Мојот пријател веќе беше отиден дома, а таа ме повика кај неа. Повикавме такси и штом влеговме во нејзиниот стан таа почма да ме соблекува и турка на кревет.

Ги соблече нејзините гаѓи и имав што да видам. Беше надарена како магаре, но покрај неа се чувствував како крал на целиот свет. Следното утро ме пробуди со балнеж и шоља со чај. Ги разменивме броевите од мобилните телефони и си отидов дома. Сега постојано ми испраќа пораки и ме прашува кога можеме повторно да се видиме.

Во искушение сум, но што тоа говори за мене ? После сите овие години во кој бев само со жени, станувам ли сега хомосексуалец ?

Одговорот на Deidre:

Ништо не е едноставно. Сексуалната оријентација не е толку строго дефинирана како што поголемиот дел од луѓето мислат.

Не е невообичаено жена или маж кои со години биле во хетеросексуални врски да пронајдат партнер од истиот пол.

Во твојот случај, тебе ти привлекла жена за која подоцна си открил дека има машки полов орган – претпоставував транвестит или трансексуалец.

Претпоставувам дека изненадувањето и збунетоста на откритието е она што тебе ти било многу сексуално примамливо.

Ако сакаш да ги истражиш можностите со оваа жена, зошто не би пробал? Како и со секој нов партнер, само земај ги работите ден за ден и заштити се во сексот.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно