Ја силувал девојката додека умирала: Праќал фотографии од нејзиното модро полуголо тело со текст - "Ха, ха, се предозира!"

Брајан Валера, 19-годишно момче од Вашингтон, силувал мртва девојка која се предозирала на една забава во приколка, а потоа ги праќал полуголите фотографии од нејзиното веќе помодрено тело на своите пријатели.

Тој е обвинет за убиство и силување на 18-годишна Алиша Ночејде, со која заедно консумирал различни дроги на 3. јануари, во текот на забавата во приколката во која живеел со уште еден пријател. 

Како што рекол, Алиша преку нос консумирала средство против болки и масло од марихуана пред да се онесвести во неговата соба.

Наместо да повика помош, Брајан на нејзините пријатели им пратил нејзини полуголи фотографии на кои е без свест, со порака: "Ха, ха мислам дека е предозирана, уште диши". Како што рекол, бил премногу изморен да ја однесе во итна помош.

Наредниот ден, кога несреќата девојка веќе била очигледно мртва, со помош на нејзиниот прст го отклучил телефонот и поставил неколку нејзини фотографии социјалните мрежи, за да изгледа дека побегнала од дома.

Најлошо е што потоа им се фалел на колегите од работа дека девојката умрела за време на сексот со него. На еден од колегите дури и му кажал дека не знаел дали Алиша била жива кога имал секс со неа.

Брајан бил уапсен во текот на претресот на неговата приколка, кога нејзиното тело било најдено во пластична кутија. Како што им рекол на инспекторите, планирал да ја закопа.

ВИДЕО: Се самоуби познатата водителка

Водителката на временската прогноза на Fox, Џесика Стар, се самоуби на 35. години.

Таа се наоѓала на боледување поради ласерска операција на очите, а на социјалните мрежи напишала дека не се чувствува добро.

Од телевизијата се шокирани и праќаат сочуство на семејството. Велат не им е јасно како една убава, весела и паметна жена можела да го направи тоа.

Мотивот е непознат. Таа остави две малолетни деца зад себе.

ЦЕЛИОТ РАЗГОВОР: Педофил од Скопје заведува 13 годишно девојче по Фејсбук

Педофилот Стојан од Скопје што како што самиот пишува вработен во Железара наведува 13 годишно девојче од Лесковац, го прашува малолетно девојче дали сака да има дечко од Скопје, без разлика што девојчето му пишува на Стојан дека има само 13 години. Девојчето го прашува да не е некоја зафрканција ова, и ако е стварно Стојан да направи селфи со прст на чело.

Малолетното девојче го прашува Стојан дали му смета што има само 13 години, а Стојан и одговара дека не му смета и таа да му се јави за тој да ја "чува".

Разговорот помеѓу Стојан и девојчето беше објавен на српската фејсбук група"Stop Pedofiliji SP", од таму им порачуваат на скопјани да внимаваат на своите деца од овој педофил.

Комуникацијата ви ја пренесуваме во целост:

Популарно