Имам 25 години , ме праша постар човек зошто заминав во Америка: Му реков дека…

Во Македонија постојано можеме да најдеме текстови во кои младите, неретко и постари граѓани објаснуваат зошто планираат да го напуштат ова парче земја.

Можеме да се сетиме на една изјава на Татјана Каракамишева во која таа наведе дека младите заминуваат од Македонија во потрага по љубов, а не поради финансиска нестабилност во својата матична земја.

Па, да ги резимираме работите зошто всушност младите заминуваат од Македонија, без разлика дали е тоа во Америка, Европа, Австралија или на некое друго место.

Па, дами и господо кои седите во Собрание, и во кои веруваме дека се обидувате да направите нешто добро за обичниот граѓанин, слободно прочитајте.

Постојат млади во Република Македонија кои имаат финансиски проблеми и потешкотии во наоѓањето на својата работа која сигурно не е од соништата, но постои и друг дел од младите кои ја напуштаат Република Македонија во потрага по подобар живот.

Тој дел од младите е оној кој добро заработува, веќе обезбедил нешто за себе и одлично се снаоѓа, но главниот проблем не се парите, понекогаш проблемот е самото општество во кое живееме, луѓето и средината кои не опкружуваат.

Да објасниме, младите не сакаат да живеат во небезбедна држава, во држава во која главни се политичарите, се вложува во непостоечки или постоечки странски инвестиции кои не прават ништо добро, само ги искористуваат нашите робовски квалитети.

Кога ме прашаа зошто заминав во Америка, првото нешто беше џандарите, значи полициските службеници. Јас не сакам да живеам во држава во која џандарите се шерифи и во држава каде џандарите погрешно го имаат сфатено она “Да заштитувам, и служам”.

Да, тие им служат, и ги заштитуваат, меѓутоа не народот, туку политичарите, кои како марионети периодично се менуваат од власта.

Без сведок каде што џандар пиша човек, кој има катастрофална материјална и финансиска состојба, кој што е со малолетни деца, за кацига, среде зима.

Да им појаснам на шерифите со плави униформи, тој човек да имал пари, немало во зима да оди со моторче на работа. И да, потребна е опомена, но не ја влошувај неговата веќе очајна состојба.

За џандарите најголем успех е да фатат некој со џоинт, додека криминалци седат во фотељи и убијци шетаат на слобода.

Сакани мои, тоа не се работи така. Кога народот ќе види полицаец или џандар, тој не треба да се плаши, тој треба да се чувствува безбедно.

Во Македонија е обратно, народот се плаши од полицијата, ја одбегнува, бара начин како да ги избегне, бидејќи ако налета на нив, знае дека ќе треба да работи месец или повеќе, само за да ја плати казната.

А во Македонија, казните се повисоки од просечната плата. Но, тоа е само еден дел од Македонија кој не функционира.

Јас не сакам да живеам во држава, која има свое партизирано судство, полиција, здравство, сакам да живеам во држава во која сите ќе бидеме третирани како исто.

Не е соживот оној што го рекламирате по телевизии и прес-конференции, соживот е кога Македонци, Албанци, Срби, Роми и Божјанци и останати народи кои живеат во Македонија, ќе бидат задоволни и среќни што живеат овде.

Младите можат да се снајдат, на младите во Македонија не им требаат политичарите, на политичарите им требаат младите, но тие уште не сфаќаат. И отворено знаеме дека политичарите немаат капацитет да го сфатат ова, бидејќи пола млади, веќе ги фатија своите летови.

Во период кога Македонија доживеа револуција и кога сите се надевавме дека ќе се промени нешто, се урнаа сите надежи за подобар живот, се урнаа надежите дека младите утре ќе наоѓаат работа покрај своите квалитети, а не километрите кои ги претрчале за партијата и бројот на луѓе кои ги натерале да гласаат за нивната партија.

Додека има во Македонија партизирано судство, полиција, здравство, образование, нас другари нема да не биде. Да, си ја сакам Македонија, но не ги сакам политичарите кои ја водат, бидејќи во текот на нашата независност, ние не сме имале политичар кој знае да води држава, ние сме имале политичари кои само добро знаат да владеат со огромните граѓански маси, или сепак проблемот е во вторите?

Нема да глумам патриот, имам само еден живот кој сакам да го живеам со полна пареа, а не да ги решавам проблемите во државава кои ги создаваат луѓе во потрага по брз профит, таканареченото политичко крадење.

Епа, другари, кога ќе ја средите државата, јавете се, ќе се вратиме.

Еве зошто ајварот не се прави во октомври

Aко не сте направиле ајвар во септември, во октомври немојте ни да го правите – барем така велат старите народни обичаи и календари.

Според обичајниот народен календар,  деновите по 15 септември се вистинско време за почеток на правење на ајвар, но и друга зимница, вели обичајниот народен календар. Најдобро е да се здружите со соседите или членовите на поширокото семејство, бидејќи правењето на ајвар и други традиционални зимници има и широко општествено значење. Така во првата половина на ХХ век беше обичај во селата и градовите да се соберат жени во големи дворови каде со размена на искуствата и дружење подготвувале храна за зимските месеци.

Заеднички ќе купите пиперки, ќе ги испечете, олупите, сомелете и со муабет и смеа ајварот е готов. Ајварот правете го кај некој кој има двор или куќа на село, пишува покрај останатото во обичајниот народен календар.

Еве што треба да направите за да имате цврсти и убави нокти

Речиси дваесет проценти од луѓето на Земјата страдаат од кршливи нокти. Експертите не можат точно да утврдат која е причината, но истакнуваат дека виновници се детергентите, отстранувчите на лак за нокти и честото миење на рацете.

Други фактори се сувото и студено време, како и проблеми со тироидната жлезда. За среќа, природниот лек за кршливи нокти се наоѓа во храната. Во секојдневната исхрана треба да бидат застапени производи од интегрални житарки, лиснат зеленчук и соја, тиква, морков, авокадо, бадеми, риба и јајца.

Овие намирници содржат витамин Е, витамин А и колаген кои ќе ви помогнат да имате поздрави нокти. Ако ноктите се сè уште слаби и кршливи, тогаш посетете салон за убавина каде ќе се погрижат за изгледот на вашите нокти.

Нашите пријатели од Spectra Nail Bar користат препарати збогатени со витамини и минерали, посебно дизајнирани за ноктите да ви бидат повторно цврсти, а кожата на рацете мека и сјајна. Вашиот термин може да го закажете на 078 873 703.

Што прво забележуваат гостите кога ќе ви дојдат?

Дали некогаш сте се запрашале што прво забележуваат луѓето кога ќе дојдат кај вас?

Познато е дека првиот впечаток е исклучително важен и тој кај луѓето се создава за само осум секунди, а истото се случува и кога доаѓаат гости во вашиот дом.

Имено, потребни им се само 38 секунди за да ги забележат сите ситници и да почнат со осудување.

Истражувањето кое е спроведено на 2000 возрасни луѓе, покажало дека гостите прво што забележуваат (односно чувствуваат) е мирисот на вашиот дом. Веднаш после мирисот ја чувствуваат температурата, а дури потоа колку е чисто.

Исто така, откриено е дека 3 од 10 лица не му ги откриваат своите забелешки на домаќинот. Од друга страна, 86 отсто од сопствениците на домовите темелно ја чистат куќата пред да дојдат гостите, додека 6 од 10 не се занимаваат со мислењето на другите.

Освен мирисот, температурата и чистотата, гостите ја забележуваат и удобноста на мебелот на кој седат, валканите прозорци, книгите, бојата на ѕидовите, но и прашината на украсите на полиците.

Популарно