Спиев со половина фирма и никој од нив меѓу себе не знаеше за тоа!

Нимфоманија е појава која предизвикува претерани сексуални нагони кај жените. Жените кои боледуваат од нимфоманија ретко стапуваат во врска, бидејќи нивната претерана сексуална желба ги принудува постојано да бараат нови партнери или начини за задоволување на своите сексуални потреби. Ова е исповед на една нимфоманка:

Не само што сакав да имам секс со многу луѓе, туку сакав и сите да ги лажам. Тоа беше клучната работа која ме возбудуваше. Обичниот живот ми беше досаден.

Кога станува збор за сексот, отсекогаш знаев дека моите интереси се значително поразлични од интересите на нормалните луѓе. Ме возбудуваа многу работи кои останатите многу лесно би ги класифицирале како чудни. Имам многу чудни фетиши и многу мастурбирам. Најлошо од сè, или најдобро, во зависност од вашата перспектива, ништо не ме возбудува повеќе од групен секс, открила една девојка која ја споделила својата приказна за нејзиниот неверојатно голем сексуален апетит на сајтот Kinkly.com. Ви ја пренесуваме нејзината исповед...

Возбуда поради лажење

Не само што сакав да имам секс со многу луѓе, туку сакав и сите да ги лажам. Тоа беше клучната работа која ме возбудуваше. Обичниот живот ми беше досаден.

Почнав да имам секс со луѓето на работа. Потоа, почнав да имам секс и со една девојка која ја запознав преку работа. Ниедна личност не знаеше за другите.

Некогаш бев омажена, а цело време на личноста со која имав секс на работа и велев дека ја сакам и дека поради неа ќе го напуштам бракот. Никогаш не го направив тоа.

Ништо од ова за мене не беше чудно, напротив, тоа беа обични, нормални работи. Бев омажена и спиев со три жени на работа и на сите им велев дека ги сакам. Можеби тоа ви звучи ужасно, или возбудливо. Не знам.

За мене тоа беше возбудливо. Цело време бев под напон. Понекогаш имав секс со две личности во текот на денот, а понекогаш и четири пати. Ако измеѓу тие авантури имав малку време, тогаш мастурбирав.

Навлечена на секс

Ваквото однесување ми создаваше и големи проблеми. Имав многу шанси за да ги променам работите, но јас само продолжив да одам понатаму, сè до горчливиот крај. Одев напред сè додека не се најдов притисната во агол, без излез.

Тука е делот кога настапува „зависноста". Правев многу работи, сексуални, кои целосно ми го уништија животот. Но, тоа ми даваше неверојатен адреналин. Подоцна ми беше срам, паѓав во депресија поради работите кои ги правев, а единствената работа која ми помагаше повторно да се чувствувам добро беше влетување во нов луд секс.

Целиот овој процес се повторуваше сè додека не се разведов, останав без работа и дом. Почнав да живеам заедно со една жена. Беше одлична ако ви е потребен некој кој ќе го држите на кратко јаже, но таа не беше добар пријател.

Сфатив дека дојде време да одам на одвикнување. Тоа искуство не беше убаво, но ми помогна да го променам однесувањето. Само што, тоа не траеше долго.

Една година откако ја напуштив рехабилитацијата, спиев со шефот, колегите, но возбудата исчезна. Сето тоа сега е само навика. И одлучив засекогаш да се ослободам од неа.

Иако за многумина зависноста од секс всушност и не е вистински проблем, туку само изговор за спиење со многу луѓе, мојот пример го покажува токму спротивното.

Меѓутоа, секој од нас има свој, личен однос со сексот и со тоа што тој значи. Сите имаме различни погледи кон она што е прифатливо, а што не е. Ако сте искрени со себе си и притоа не повредувате никого, никогаш нема да мора да се грижите дали сексуалната зависност навистина постои.

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно