Куршум в чело за обвинителот и среден прст за Владата – нов протест за случајот со Алмир

Нови протести пред Владата денес беа организирани од граѓанитево знак на револт за пресвртницата во случајот со смртта на малиот Алмир.

Граѓаните протестираа во знак на револт поради преквалификацијата на кривичното дело „убиство“ во „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот со смртни последици“ за случајот со четиригодишниот Алмир од Куманово, кој почина како последица на удар со возило кое го управувал Бобан Илиќ, кој претходно имал караница со родителите на починатото дете, пренесува Макфакс.

На почетокот на протестот, кога актерот и организатор Висар Вишка се обрати на македонски јазик, толпата го исвирка извикувајќи “шќип”. Вишка продолжи да зборува на македонски, а имаше и превод на албански.

Пораките од паролите беа насочени кон судството и обвинителството, а преку нив беше искажано незадоволството од нивната работа и делење на селективна правда.

Граѓаните кои протестираат со себе носат играчки, детска облека како и транспаренти на кои пишува „Нема правда нема мир“, правдата е слепа, каде ви е совеста, отиде Зврлевски, дојде Јовевски, Заев реформи за сите, кога?

Освен за преквалификација на делото граѓаните реагираат и на тоа што возилото со кое беше прегазен Алмир, наместо да биде конфискувано, е вратено на семејството кое пак лично обвинетиот Бобан Илиќ го ставил јавно на продажба по извршеното убиство. Граѓаните исто така побараа јавниот обвинител кој го води случајот, Сузана Кусигерска од Основното јавно обвинителство – Куманово, да биде изземена од процесот. Нејзината одлука за преквалификација ја оспорија четворица јавни обвинители.

Судот за овој случај го укина притворот на првообвинетиот Илиќ поради надминување на законски предвидениот период од поднесување на обвинението. По напуштањето на судницата каде беа дадени завршните зборови, братот на Бобан Илиќ им покажа „среден прст“ на семејството на загинатиот Алмир кои стоеа пред судот.

Дел од Центар утре ќе остане без струја, дел од Карпош без вода

Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:

Во период од 08:30 до 14:00 ул. „Антоние Грубишиќ“, ул. „Коле Неделковски“, ул „Наум Наумовски Борче“ и ул. „Мирослав Крлежа“ во општина Центар.

На ден 08.04.2024 (понеделник) поради изведба на водоводен приклучок ф-100 мм на ул.„Џумајска“ 47, прекинато водоснабдување од 10:00 до завршување на интервенцијата ќе имаат корисниците од ул.„Џумајска“ во општина Карпош.

Опожарено возило во гаражите на „Ист гејт мол“

Во трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево во гаражите било опожарено едно возило, по што интервенирале од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје. Пожарот бил локализиран и нема повредени. По увидот на надлежните служби, како што информираат, трговскиот центар продолжил да работи.

Како што информираат од МВР, во 18:45 часот настанал пожар во патничко возило „фолксваген поло" со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.А. (62) од скопското село Кондово.

-  Пожарот бил локализиран. Повредени лица нема, се вели во соопштението од МВР.

Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации, како што информираат од трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, биле активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани, а како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица.

Од Пожарна за МИА информираа дека интервенирале со едно возило, по пријава од посетители на молот.

- Завршена е интервенцијата. Станува збор за опожарено едно возило. Службите во „Ист Гејт“ веќе почнале да го гасат. По реакција од посетители, испратено е едно возило со шест пожарникари, информираа за МИА од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

По увидот на надлежните служби, трговскиот центар, како што информираат од „Ист Гејт Мол“,  продолжил да работи со редовно работно време до 22 часот. 

(Видео) Како беше извршен филмскиот грабежот на маркет во Црниче?

На социјалните мрежи доцна синоќа беше објавена снимка од грабежот на маркет во скопската населба Црниче.

На снимката може да се забележи возило и лица кои се обидуваaт да го украдат сефот од маркетот. Додека е вклучен алармот, тие успеваат да го стават во багажник, тргнуваат, но сефот паѓа на патот во Црниче, па тие се враќаат повторно да го подгинат.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа за настанот.

- На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било   пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф.  Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението до полицијата.

Маркетот e ограбен откако автомобил влетал во влезната врата, алармот се вклучил, а разбојниците го земале сефот.

Популарно