(ВИДЕО) Жестоки демонстрации во Франција - 63 лица уапсени, 9 полицајци повредени

Француската полиција привела 63 лица, а девет полицајци се повредени во протестите во градовите Нант и Монпеље поради измена во законот за работа.

За време на протестите во саботата остетени се повеќе бизнис објекти и јавни институции во Нант и Монпеље, рече францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Коломб.

Во другите градови во Франција, протестите беа воглавно мирни и без инциденти.

Коломб ги повика демонстрантите да се воздржат за време на протестот кој е планиран за денеска. Претседателот на Франција, Емануел Макрон вечерва во телевизиско обраќање кон нацијата ќе ги појасни реформите во француската економија.

Макрон рече дека сака земјата да ја направи поконкурентна на глобално ниво, но работниците се загрижени поради губењето на заштита на работните места.

ВИДЕО: Незгодна средба на Заев и Орбан

Заев и Орбан не се сретнале за да разговараат за Груевски на самитот во Загреб и покрај тоа што седеа на заедничка маса.

Наместо тоа, македонскиот премиер остварил средба со унгарскиот вицепремиер, но нема информации дека на неа станало збор за азилот кој Груевски го доби во оваа земја членка на НАТО и Европската Унија. Според она што беше соопштено, темите на разговор биле од областа на економијата.

Груевски од средината на минатиот месец е во Унгарија, откако во Македонија беше осуден на 2 години затвор во случајот Тенк, каде судијката Добрила Кацарска пресуди дека тој е виновен затоа што се наградувал себе си со тоа што се возел во Мерцедесот.

ВИДЕО: Париз во пламен!

Големи протести избија во текот на вчерашниот ден во Париз, веќе трет викенд по ред – таканаречените „Жолти елеци“ повторно се судрија со полицијата во знак на протест поради покачувањето на цената на горивата.

Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?

Набрзо после почетокот на протестите избија и првите нереди, па на улиците во Париз настана целосен хаос. Демонстрантите започнаа да ги демолираат продавниците во француската престолнина, но и да превртуваат и палат автомобили, по што полицијата возврати со водени топови и солзавец.

Според последните информации, во нередите се повредени најмалку 133 лица, а уапсени се над 412.

Иако на социјалните мрежи денес се појавија бројни видеа кои што откриваат што всушност се случувало вчера во францускиот главен град, едно видео посебно се издвојува, затоа што како што велат демонстрантите, на најдобар можен начин ја отсликува бруталноста на полицијата.

На видеото може да се види како жена седи мокра на асфалтот и на нејзиното лице ѝ тече крв, очигледно од повреда здобиена за време на протестите. Жената седи на асфалтот со подигнати раце, меѓутоа полицијата безмилосно интервенираше со водениот топ.

Француската јавност го осуди ваквото однесување на полицајците затоа што демонстрантите во конкретниот случај воопшто не беа вооружени.

Популарно