(ВИДЕО) Цеца објави снимка која го воодушеви регионот

Светлана Цеца  Ражнатовиќ објави видео од прославата на внуците Илија и Петар кој ги воодушеви нејзините фанови.

Имено, на видеото се гледа како Цеца танцува со својата сестра Лидија. Тие двете се нераздвојни и си се поддршка една на друга, а со ова видео покажаа колку ги ценат семејните вредности.

Цеца објави и фотографија со мажот кому му го подари своето срце, само пријателски.

Имено, станува збор за фотографот и режисер Милош Надаџин, долгогодишен соработник и пријател на Цеца.

„Љубов. Љубов. Голема љубов засекогаш“, напиша фолк дивата во коментарот под фотографијата.

Елена Китиќ се огласи по шпекулациите дека таа е причината за разводот на Ана и Раста

Елена Китиќ се огласи по шпекулациите дека таа е причината за разводот на Ана Николиќ и Стефан Ѓуришиќ Раста.

Имено, се пишуваше дека Раста бил со Елена пред бракот со Ана Николиќ, но и дека нивната врска продолжила по бракот.

На сите овие пишување Китиќ го даде својот коментар на „Инстаграм“.

„Мојот однос со Раста беше професионален од првиот ден, па се до моментот кога ја прекинавме соработката. Единствена причина поради која ја прекинавме соработката е тоа што имавме различни размислувања во која насока треба да оди мојата кариера“, напиша ќерката на пејачот.

Инаку, Раста не сакал да ги наплати песните кои ги направил за Китиќ.

„Раста е наш пријател и не сакаше да наплати тоа што работи со Елена, но ние ќе му се одолжиме. Тој е супер момче и што се однесува до парите, ние не разговаме за тоа“ во една прилика изјави Миле Китиќ.

Северина се огласи по шпекулациите дека се разведува

Српските медиуми деновиве пренесуваа дека Северина Којиќ и Игор Којиќ се разведуваат, а како причина беше наведена водителката Јована Јоксимовиќ.

Наводно Драган Којиќ Кеба ги поканил Јована и Жељко Јоскимовиќ на слава, а кога за тоа дознала Северина наводно си ги спакувала куферите и си заминала.

Јована не сакаше да ги коментира овие написи, истакнувајќи дека се глупости.

Од друга страна, Северина на својот „Инстаграм“ објави постара фотографија на која е заедно со Игор  од патувањето на Занзибар и на тој начин ги демантираше вестите за разводот.

За потсетување, пред некое време Северина исто така беше во центарот на внимането поради своите експлицитинит фотографии.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hakuna Matata💋#tb #zanzibar #tanzania #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Северина по втор пат се разведува

Игор Којиќ, по последната жестока кавга со Северина, заради која, наводно тие се разведуваат, повеќе нема да се врати во Загреб.

Како што тврдат добро упатените, неодамна тој се поздравил со некои од неговите пријатели и им го најавил своето враќање во Белград, неговиот роден град, кој го напушти пред три години, кога се омажи за хрватска поп ѕвезда.

“Игор и Севе веќе извесно време не функционираат баш најдобро. Славата на татко му, пејачот Драган Којиќ Кеба беше моментот кога ја прекинаа нивната врска, а кулминацијата се случила кога пејачката не се појави на концертот на таткото на нејзиниот сопруг. Тој ден таа и Игор повторно се скараа, па таа се врати на половина пат од Загреб до Белград дома.

Игор е многу лут и одлучи да остане во Белград, каде се слушнал со некои од неговите пријатели и им рекол да не се враќа повеќе во Хрватска“ – вели извор за српски Ало.

Да потсетиме, Северина имаше судско рочиште со Милан Поповиќ – таткото на нејзиното синче  во Загреб, на 4 декември, токму на денот на концертот на Кеба во Белград. Иако таа  не отишла на судење, туку тргнала за Белград, по новата расправија со Игор која случиле во текот на патувањето по телефон, Северина само го свртела автомобилот и се вратила во Хрватска и така го извиси свекорот Кеба.

Никој од нив  двајцата, ниту Северини ниту Игор  се’ уште не се огласиле во јавноста, како и Кеба, кој по одличниот концерт во Белград, отпатува на настапи во Бугарија.

Популарно