Од 15 мај нови пари: Ќе пазариме со нови 10 и 50 денари

Од 15-ти следниот месец Народната банка на Република Македонија првпат воведува полимерни банкноти со апоенска вредност од 10 до 50 денари.

- Од 15 мај годинава, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал, соопштуваат од Народната банка на Република Македонија.

Според банката оценува дека ваквите банкноти не се оштетуваат лесно, што не е случај со хартијата и имаат многу подолг век од хартиените.

Анализите покажуваат дека животниот век на банкнотите изработени од полимер е подолг за 2,5 до три пати, а во некои случаи и за четири пати од оној на банкнотите изработени од хартијата во чијашто основа се памучни влакна.

- Полимерните банкноти не може лесно да се скинат при секојдневна употреба, ниту, пак, може лесно да се оштетат при допир со вода, а се и неколкукратно поотпорни на влага во споредба со хартиените. Мошне важно, супстратот од којшто се изработуваат полимерните банкноти спречува апсорпција на нечистотија, со што овие банкноти не само што имаат подолг животен век од хартиените, туку се и похигиенски за употреба од страна на граѓаните, посочуваат од НБРМ.

Додават дека покрај долгиот животен век на овие банкноти нивната употреба значи и заштеда на ресурси и средства бидејќи потребата од нови изданија со иста апоенска вредност во иднина ќе биде многу помала.

Народната банка наведува дека изработувањето банкноти од многу тенка, флексибилна пластична фолија овозможува нивниот дизајн да содржи безбедносни карактеристики и заштитни знаци кои не може масовно да се репродуцираат со употреба на воспоставените техники за фалсификување банкноти.

- Полимерните банкноти како заштитен знак можат да содржат и транспарентен прозорец, што не е возможно кај банкнотите од хартија изработена од памучни влакна.

Производството на банкноти од полимер, сметаат од НБРМ, не само што се редуцираат трошоците на централната банка, туку се придонесува и за заштита на животната средина.

- Истражувањата потврдуваат дека банкнотите изработени од полимер се поеколошки од оние коишто се изработени од хартија. Меѓу другото, на крајот на животниот циклус на парата, доколку е изработена од хартија, таа се поништува, се реже и остатоците се носат на депонија, односно се горат, додека доколку е изработена од полимер, по режењето, таа се рециклира заради нејзино натамошно користење за добивање материјал од којшто се изработуваат пластични предмети за секојдневна употреба. Анализите покажуваат и дека полимерните, за разлика од хартиените банкноти, се енергетски поефикасни во процесот на изработка. Исто така, фактот што банкнотите изработени од полимер имаат помала тежина од хартиените придонесува нивниот транспорт и нивната дистрибуција да се посоодветни за зачувување на животната средина, наведуваат од НБРМ.

Појаснуваат дека полимерот овозможува на банкнотите да има втиснати ознаки во вид на издигнати точки, коишто се корисни за распознавање на различните апоени од страна на лицата со оштетен вид.

Полимерните банкноти почнуваат со употреба во 1988 година и тоа во Австралија, денес се употребуваат во над 20 држави, меѓу кои, покрај Австралија се и Канада, Велика Британија, Нов Зеланд, Малдиви, Брунеи, Романија итн.

Од 15 мај годинава, Република Македонија ќе биде на мапата на државите чијашто централна банка има започнато процес на полимеризација на банкнотите на националната валута. Македонскиот денар ќе се вбројува меѓу валутите чии банкноти со пониска апоенска вредност, коишто се и најзастапени во одвивањето на готовинските трансакции, се изработени на најсовремен начин и од најсовремен материјал.

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на трудот ширум светот.

Овој ден се одбележува во светот во знак на сеќавање на тој датум во 1886 година, кога работниците во Чикаго со штрајкови и протести ја започнаа својата борба за осумчасовен работен ден.

На првиот конгрес на Втората интернационала во 1889 година, беше одлучено следната година да се одржи голема манифестација со која ќе биде прославен 1 мај, како знак на сеќавање на протестите во Чикаго и како форма на борба за работничките права.

На вториот конгрес на Работничката интернационала е одлучено од 1890 година на 1 мај ширум светот да се одржуваат манифестации, демонстрации и штрајкови.

Вметнувани страници во пасош, приведен швеѓанин на Табановце

Денеска (01.05.2024) во 01.15 часот на Граничниот премин Табановце бил лишен од слобода Г.Ј.Ј.М.(27) од Шведска, поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостасувале страници, а исто така во неа биле и вметнувани страници од друга патна исправа.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ќе ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот. 

Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.

Протестот ќе почне пред Работничкиот дом, ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора и ќе заврши пред Владата.

- Неколку години наназад протестите станаа заштитен знак на ССМ како начин на изразување на работничкото незадоволство од продолжувањето на практиката карактеристична за изминатиот период, а тоа е дека нашите социјални партнери, работодавачите и претставниците на законодавната и извршната власт немаат слух за проблемите на работниците и народот, туку единствено и исклучиво работат за своите интереси. Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 проценти, се наведува во Првомајскиот проглас на ССМ.

Оценка на ССМ е дека има зголемено кршење на работничките права, а новиот закон за работни односи не се носи веќе шест години, додека последнава година, како што посочуваат, воопшто не се работело на него, односно не биле одржани расправи за надминување на разликите во креирањето на законот меѓу социјалните партнери.

Оттаму нагласуваат дека кај нив има над 10.000 обраќања за прекршени работнички права, а според ССМ, преседан е и тоа што измената на Законот за работни односи со која е воведена можноста за 72 часовна работна недела е направена без социјален дијалог и учество на ССМ како репрезентативен синдикат.

Атак на синдикализмот во државата, според ССМ, е и пресудата на Врховниот суд со која после 18 години судски спор и повеќе од 8 пресуди во корист на ССМ, се одзема Работничкиот дом.

[Сојузот на синдикати на Македонија  бара да се преземат напори за да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја надминат кризата предизвикана од коронавирусот.]

- На идната Влада, ние работниците и порачуваме дека партнерски треба да ги градиме меѓусебните односи со активно учество на синдикатите во креирањето на националните стратегии и политики и доследно почитување на работничките и граѓанските права, во спротивно ќе продолжи трендот на штрајкови и протести како единствен облик на синдикална борба за работничките права и интереси, се наведува во Промајскиот проглас на ССМ.

Меѓународниот ден на трудот се празнува секој 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 година во Чикаго, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден. Во знак на почит кон жртвите од штрајкот, Втората интернационала на Основачкиот конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. 

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во државава има статус на државен празник и до 2006 година се празнуваше два дена, а од 2007 година се празнува само на 1 мај.

Популарно