Претставничката на Словенија среде настап направи нешто што ја зачуди публиката во лисабонската Алтис Арена.
Имено, додека 28-годишната Леа Сирк ја изведуваше песната „Хвала, не!“ која ја крена публиката во салата на нозе, музиката во еден момент застана.
Публиката почна да негодува, мислејќи дека е во прашање пропуст на организацијата, а харизматичната пејачка порача: „Што е со музиката? Можете да пуштите музика?“
Леа ги замоли со аплауз да и дадат ритам.
Словенија како и Србија помина во финале.