ФОТО: Вака Груевски игра оро

Поранешниот премиер Никола Груевски беше гостин на свадбата на синот на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска. Затуроска сподели неколку фотографии на својот фејсбук-профил.

Со македонски народни песни се терала свадбената веселба во хотел во Струга, а Груевски понесен од амбиентот се фатил на орото.

Свадбата на синот на пратеничката била според сите традиционални македонски обичаи сосе веење на бајракот, народна носија и адети. Освен Груевски, на свадбата имало и други партиски колеги на пратеничката од ВМРО-ДМПНЕ.

Ѝ кажала на својата баба дека сопругот ја изневерил, а одговорот засекогаш ѝ го променил животот

Низ животот ќе искусиме неверојатни подеми, како што е денот на нашата венчавка, раѓањето на првото дете и многу други. Но, исто така мораме да се соочиме и со животни предизвици.

Ваквите неповолни искуства можат да нѝ помогнат во обликување на личноста додека секојдневно растеме и се развиваме во секој поглед. 

Еве и една таква приказна: што сте вие – морков, јајце или кафе?

Млада жена отишла кај својата баба и ѝ кажала дека нејзиниот сопруг ја изневерил и дека е шокирана и разочарана од него. Таа не знаела како ќе успее да го преброди тоа, а дури сакала и да се откаже од својот живот. Ѝ признала дека е уморна од борба и ѝ се чинело дека секогаш се појавуваат нови проблеми во нејзиниот живот.

Бабата ја ислушала ваквата приказна и ја одвела во кујната. Потоа наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на оган. Во првото тенџере со зовриена вода, бабата ставила морков, во второто јајце, а во третото мелени зрна кафе. По 20 минути, таа ги тргнала од оган, го извадила морковот од вода и го ставила во сад.

Потоа, го извадила и јајцето и го ставила во друг сад, а на крајот го ставила кафето во една чаша. Притоа, ја прашала својата внука што гледа.

Жената рекла:

“Морков, јајце и кафе”.

Тогаш, бабата ѝ рекла да го земе јајцето и да го скрши. Жената ја скршила лушпата од јајцето и видела дека тоа е тврдо варено. Потоа, бабата ја замолила да го испие кафето. Внуката се насмевнала додека го пиела.

“Што значи сето ова? Која е поентата?”, ја прашала таа.

Старата и мудра жена ѝ објаснила дека секоја од овие намирници морала да се соочи со истиот проблем (вриењето на водата), но секоја од нив реагирала на поинаков начин.

Морковот бил тврд и непропустлив, но по 20 минути во зовриената вода, тој омекнал и станал “многу слаб”. Јајцето било кревко – неговата тенка лушпа ја штитела течната внатрешност, но по 20 минути, тоа станало цврсто.

Сепак, мелените зрна кафе биле единствени: откако биле ставени во зовриена вода, тие значајно го промениле нејзиниот вкус.

По ваквото објаснување, старицата ја прашала својата внука:

“Што си ти? Кога на вратата ќе ти затропа некој проблем, како реагираш? Дали си морков, јајце или кафе?”.

Размислете и вие за ова – дали сте морков кој наизглед делува цврсто, но со болката и неволјата “омекнувате” и ја губите силата? Или пак сте јајце – влегувате со полно срце, но се менувате со оглед на околностите? Или сте зрно кафе – кога работите се најлоши, вие станувате подобри и ја менувате околината околу себе? Дали кога предизвиците се најголеми, вие се качувате на едно друго ниво?

Запознајте го градот каде 12 часот не постои

Не е само часовникот во знакот на бројот 11. На две фонтами можете да видите точно 11 чешми за вода, на музеите 11 врата високи 11 метри и слично.

Замислете часовник кој има само 11 бројки и на кој недостасува 12. Не е грешка. Часовникот не покажува само време, туку и необична фасцинација на целиот град со бројот 11.

Швајцарскиот Солотурн го основале Римјаните пред 2.000 години, но паднал во туристички заборав поради големата близина со Берн. Градот скоро бил опседнат со бројот 11 и доме на 11 цркви, 11 капели, 11 фонтани, кули и исто толку музеи.

Сето тоа започнало уште во 15 век. Ако наиде некој турист, ќе видите како загрижено гелда во најстарата зграда во градот на која има астрономски часовник со златни ѕвезди, топчиња и подвижи фигури од кралот, витезот и скелетот. Но, за што се работи?

Сите 11 запчанци на часовникот се пмераат во случајни часа (11, 12, 17 и 18) кога коњаникот од метал започнува да удира со чекан во ѕвоното и да ја изведува „Solothurner Lied“, неофицијалната химна на градот.

Но, зошто градот е опседнат со бројот 11? Па, тоа не го знаат ниту неговите жители.

Народната легенда зборува за магионичари кои доше од блиската планина Вајсентсин за да ги охрабрат жителите на градот кои напорно работеле, но никогаш не напредувале. Усвојувањето на бројот 11 било оддавање почит на граѓаните кон своите спасители.

Многу поразумно објаснување е библиското значење на бројот, па така и жители на Солотурн сметаат дека бројот 11 е свет број. Во нумерологијата бројот 11 се смета за најинтуитивен, најчесто поврза со верата и видовитоста и постојаната потрага по совршеност.

Ако религијата е еден дел од ДНК на овој град, геополитиката е вториот. Во 1481 година, Солотурн станал 11 кантон на конфедерацијата, а до 16 век поделен е на 11 протекторати. Исто така бројот 11 прв пат се споменува во 1256 година кога цеховите за градскиот совет избрале 11 членови.

Популарно