ВИДЕО: Командант Зорани бара и тој да вади едно парче леб или ќе ПУКА!

Командант Зорани од Жеровјане има тешка судбина. Сите негови другари се веќе вработени, само тој останал без парче леб – вака се пожали командантот кој сите ги праќал по бурек, пред камерата на “Фчерашни Новости”.

Погледнете го најновото УРНЕБЕСНО ВИДЕО на “Фчерашни Новости” директно од тетовско Жеровјане.

ВИДЕО: Секси полицајка му напиша казна, а потоа му го покажа задникот

Кој не би посакал да добие ваква пријава за преминување вон пешачки?

Секси полицајка ги застанувала минувачите заканувајќи се дека ќе им напише казна, а потоа им го покажувала задникот од сите агли.

Погледнете ја оваа урнебесна скриена камера…

Србин во полиција дознал дека е мртов

Јас сум мртов човек веќе шест месеци, вели 79-годишниот Ѓорѓе Милошевиќ од Нови Сад, кој бил „прогласен за мртов“ на 19 јануари годинава. Тој дознал дека е мртов, како што вели, кога отишол во полиција да го регистрира својот автомобил.

– Матичниот број не се совпаѓаше во полиција кога сакав да ја регстрирам колата, раскажува Милошевиќ, прашувајќи се како сето тоа можело да се случи.

Како што објавува Политика, кога на 26 јули ангажирал агенција за регистрација за да му ја заврши работата, дознал дека агенцијата тоа не може да го стори, бидејќи во полиција и рекле дека Милошевиќ е покоен. Во матичната служба, раскажува Милошевиќ, во разговор со службениците, дознал дека по грешка е запишан во книгатана мртви врз основа на потврда за смрт од Клиничкиот центар во Војводина.

– Така што јас од јануари сум официјално мртов, а дури во јули тоа го дознав, раскажува вознемирениот Милошевиќ.

Не може, додава тој, ни лекови да земе кај лекарот, и поради сето тоа е под стрес и му е нарушено здравјето. Вели дека си го зел и изводот од матичната книга на умрени и дека во изводот комплетно сите податоци се негови.

Клиничкиот центар Војводина во соопштението објаснува дека во јануари 2018 година кај нив бил хоспитализиран пациент со ист пол, име и презиме – Ѓорѓе Милошевиќ, но немал документи врз основа на кои би можело да се утврди неговиот идентитет.

Податоците кои пациентот им ги дал во Клиничкиот центар ги сметале за валидни и така ги внеле во документацијата на пациентот, се наведува во нивното соопштение. Во меѓувреме, велат, ги презеле сите мерки да го испитаат случајот, спровеле стручен надзор, а Милошевиќ го поканиле на разговор за да му се извинат.

Милошевиќ за Танјуг вели дека сега, покрај здравствени проблеми доживува и непријатности, така што сограѓаните на шега го викале покојник.

– Сите се чудат, се крстат, вели тој и додава дека случајот го предал во рацете на адвокат, бидејќи изгубил трпение, а и здравјето му се нарушило.

ФОТО: Ќе се фатите за глава кога ќе видите како е паркиран овој автомобил

Големите гужви летово во Сплит доведоа еден човек да се паркира вака, па сите се прашуваат како успеа. Тој стана хит на социјалните мрежи, а кога ќе ги погледнете фотографиите подоле ќе ви стане јасно и зошто.

Популарно