Денеска сончево, но од утре...

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од пет до 12,  дневната од 21 до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Во петок времето во поголем дел од земјава ќе биде стабилно, а во југозападните делови попладне можна е појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Во сабота ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во наредните денови попладне ќе има локален пороен дожд и грмежи.

Временска прогноза за ден недела 20 јануари

Денеска времето во Македонија  ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд претпладне, а на планините ќе врне повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла и ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 степени, а дневната од 2 до 9 степени.

Следува период на променливо облачно време со слаби врнежи од дожд на пониските места, а на планините ќе врне снег. Во понеделник ќе има преодно стабилизирање, а веќе од вторник, особено во западните и јужните делови, се очекуваат повеќе врнежи. По котлините ќе има појава на магла

Попоски:Локални врнежи од дожд , а на повисоките места снег

Во текот на следните неколку денови, поточно некаде до вторник ќе продолжи променливото време со локални послаби врнежи и тоа од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините, повремено мешавина од дожд и снег има услови и на некои од пониските места.

Понекаде низ котлините ќе има услови и за појава на замрзнат дожд па затоа крајна претпазливост.

Ќе биде претежно тивко и покрај тоа што на некои места ќе дува слаб ветер од променлив правец па така по одделни котлини и речни долини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Минималните температури на воздухот само понекаде ќе се спуштаат под нулата додека истите на повеќе места ќе бидат околу нулата.

Максималните дневни температури пак ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени додека на југоисток истите можно е да се искачуваат и малку над 10 степени.

Веќе од вторник па натаму како што веќе и најавивме и информиравме, под влијание на изразен циклонски систем кој ќе се формира некаде над Италија ќе имаме почести и поинтензивни врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините каде снежната покривка значително ќе се зголеми, повремено врнежи од дожд и снег ќе има и на некои од  пониските места особено на западот и северот од државава.

Подготви: Славчо Попоски

Облачно време со умерен ветар

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, по одделни котлини магливо. Во југозападните и јужните делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 11 степени, а дневната температура од два до 10 степени. Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб јужен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус девет степени, а дневната до три степени.Во наредниот период ќе преовладува облачно време со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. По одделни котлини ќе има појава на магла, а повеќе сончеви периоди ќе има во сабота. Пообилни врнежи се очекуваат во вторник.

Популарно