(ВИДЕО) Амди Бајрам се нарече себе КОЊ!

Амди Бајрам  во интервју за 1ТВ вели дека не се сеќава на своите изјави од порано и дека е отворен кон јавноста, а како искусен политичар знае какви чекори да превземе.

-Јас морам отворен да бидам према цела јавност и не треба многу прашина да дигаат затоа што зад добар коњ добра прашина се дига. Јас сум политичар толку години и треба сите да сфатат, цела македонска јавност и пошироко, не треба да дигаат многу прашина околу мене затоа што јас сум политичар и знам како треба да се делува и да се работи, прав политичар, кога треба и како треба да настапам, тоа знам, а во интерес на моите Роми јас сум спремен увек во секое доба, морам да видам кој е на власт, јас да бидам со вас, вели Бајрам.

Додава дека Мицкоски не е политичар од негов ранг, а Заев не го сметал за политичар.

-Јас Заев не го рачунав како политичар едно време како градоначалник. Не верував дека Заев ќе покаже ваква работа, дека во Македонија, во Европа и во светот ќе го поддржат сите. Тоа што било било, јас му се извинив на првата средба. Имав четири-пет средби со него, на првата средба првин му се извинив и дали има замерки спрема мене. Ми кажа „Се е политика, не ти замерувам“, вели Бајрам.

Лидер: Владиката Наум од Струмица отворил фирма за марихуана, Заеви му се партнери!

Монахињата на МПЦ, Сара, со родено презиме Еленова е еден од основачите на најновата компанија со лиценца за производство на марихуана, нејзин бизнис партнер е адвокатот на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев од Струмица, објави порталот „Лидер“.

Како што пишува порталот, монахињата Сара важи за личност која е исклучително блиска со владиката од Струмица на МПЦ, господин Наум. Сестра Сара важела и за личен асистент на Наум.

Ова значи дека Заев преку својот адвокат и владиката Наум преку својата монахиња влегуваат во заеднички бизнис. Тоа нормално, не е по првпат, вели за „Лидер“ извор од МПЦ.

Вчера, Економски Лидер објави дека уште една компанија за производство на марихуана добива семејниот картел на премиерот Зоран Заев. Деновиве, беше формирана нова компанија, со назив „Канабис ОНЕ ДОО Струмица“, во која како еден од сопствениците се јавува лице, тесно поврзано со премиерот Зоран Заев…

Целиот текст можете да го прочитате на Лидер.ком.мк.

Лидер: По братучедот и адвокатот на премиерот влегува во бизнисот

Личниот адвокат на премиерот Зоран Заев, Ване Андреев, е еден од сопствениците на  „Канабис ОНЕ Доо Струмица“, нова компанија за производство на канабис за медицински цели, објави Економски лидер.

Покрај Андреев, во сопствеништвото на компанијата се јавуваат и компанијата „Летерс ДОО – Ресен“, Зоран Јанев, Крис Алман од САД, Славчо Васков – Пинда, како и Сара Еленова од Кавадарци.

Економски лидер тврди дека Заеви се сопственици на една од осумте лиценци за одгледување на канабис, преку компанијата „МАМ“, која е во сопственост на братучедот на премиерот Трајче Заев, а дел од управните структури е и неговиот брат Вице Заев.

СДСМ бара како досега, ВМРО бара ново СЈО и отчет за парите

Претставници на власта и опозиција  имаа уште една средба за Законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство и еден од реформските закони кои се услов од ЕУ за добивање датум за почеток на преговорите.

„Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе достави конкретни амандмани, ќе има нова средба да се разгледаат. Апстрактни дебати за толкување на принципи во овој момент значат губење време, а во овој момент временските рокови нè газат. Закон за Јавно обвинителство со одредба согласно нивното барање сите постапки кои не се отворени до 30 јуни 2017 да престанат и сите докази да паднат во вода би значело амнестија. За тоа, простор во законот нема“, изјави Дескоска по денешната средба во Министерството за правда.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ по средбата рече дека ако кај власта има расположение, нивните забелешки можат да бидат инкорпорирани во новиот закон, додавајќи дека сега топката е кај СДСМ.

„Минатиот пат доставивме 123 страни забелешки кои министерството ако е расположено може да ги инкорпорира во законскиот текст. Не можеме да дадеме поддршка на закон во кој не сме биле вклучени да учествувавме во квалитетот на текстот. Топката сега е кај Социјалдемократскиот сојуз како партија. Ние цениме дека секој обвинител кој сега работи во СЈО треба да има еднакво право како секој обвинител кој сега работи во основно или републичко обвинителство да конкурира и според мерит систем на вредности да биде избран или да не биде избран како дел од тоа специјално одделение во државното обвинителство“, изјави Милошоски.

Денешната средба траеше еден час, за разлика од петчасовната средба во понеделникот.

Популарно