ЖЕШКО ФОТО: Најбизарните бикини што сме ги виделе досега

Американската риалити ѕвезда и дизајнерка на костими за капење, Драја Мишел, уживаше покрај базен и ја искористи приликата да промовира неколку провокативни модели од својата нова линија. Таа најпрво се појави во еден од најчудните бикини што сме ги виделе досега, а потоа и во модел со кој ги воодушеви сите.

Имено, жолтите бикини што ги носеше би изгледале потполно нормално да немаа долги реси кои досегаат до под колената. Драја со овој несекојдневен модел носеше и сив, минијатурен „кроп топ“ кој ги истакна нејзините облини, но и со кој дополнително предизвика внимание.

Но, кога се појави во едноделниот модел едноставно никој не можеше да остане рамнодушен. Во прашање е едноделен костим за капење со длабоки резови кој го истакнува бочното деколте, но и голите колкови.

ФОТО: Славниот актер се разведе после 22 години брак и на 50 години се заљуби до уши

Стави точка на 22 години долгиот брак и се препушти на волшепството на секси блондинката.

На новите фотографии покрај базен се гледа страста меѓу нив.

Актерот Кјуб Гудинг и неговата сопруга Сара Капфер одлучија да се разведат во април 2014 година, но актерот оваа година во јануари поднесе барање за развод.

Актерот неодамна е виден во сончевото Мајами, каде на базен се забавува со бујна блондинка и притоа не ја симнува широката насмевка од лицето. И додека непознатата блондинка се вртела со задникот кон папараците, Кјуб седел и го пиел својот пијалок.

ФОТО: Северина со провокативни фотографии го запали интернетот

Хрватската пејачка Северина по гласините дека се разведува се одлучи да ги изненади фановите и да ги увери дека со неа се е во ред.

Откако прво објави дека подготвува нов албум, пејачката објави и дека подготвува нова песна која ќе ја објави во понеделник.

Популарно