Мустафа Сандал се огласи по разводот - она што и го порача на пејачката ќе ве остави во неверување

Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал дефинитивно ставија точка на својот брак, разведувајќи се по 10 години брак.

-Ставивме точка на нашиот брак. Двајцата вртиме нова страница во нашите животи, но нашата љубов и нашето почитување ќе остане се до нашиот последен здив. Ќе се трудиме да бидеме во корист на нашите синови. Дојдовме до ова заедно, си одиме заедно, остануваме „пријатели“, вели Мустафа.

Според многумина оваа порака е повеќе од љубезна и не личи како парот да се раздвојува со причина.

Инаку Емина во февруари годинава поднесе бракоразводна парница, а од шести јуни месецов и официјално не се во брак.

Докторите се борат за животот на Дарко Лазиќ

Српскиот пејач Дарко Лазиќ, кој утринава доживеа страшна несреќа на автопат во Србија, шест години нема возачка дозвола, а во моментите додека возел бил во алкохолизирана состојба, пренесуваат српските медиуми.

Последните информации кои доаѓаат од српските медиуми говорат дека пејачот заспал зад воланот, во моментите пред да се случи несреќата. Лазиќ пред да влезе во автомобило бил на забава кај негови пријатели.

-Сообраќајката се случи рано утринава. Претходно, Дарко конзумираше алкохол во неверојатни количини, во алкохолизирана состојба седна зад воланот. Заврши како што заврши, вели негов близок пријател за српските медиуми, кој сакал да остане анонимен.

Малку е познато дека Дарко воопшто не смеел да седне зад волан, затоа што фолк-пејачот веќе шест години не поседувал возачка дозвола. Да биде работата уште полоша за него, српскиот пејач во изминатиот период имал дури десетина сообраќајни незгоди.

Тој во монетов се бори за живот. Требало да му се прават итни операции, но докторите се сомневаат дека има внатрешно крварење

Сообраќајка: Српскиот пејач на интензивна нега

Српскиот пејач Дарко Лазиќ кој имаше сообраќајка е сместен на одделението за Интензивна нега, а има многу повреди.

Дарко има скршени ребра, скршена бутна коска, повреди на главата, поради кои зборува неповрзано.

Дури ни родителите не смеат да го видат додека не стигнат наодите.

За потсетување, тој излета со возилото и се преврте на кров, а го вадеа пожарникари.

ВИДЕО: Новото видео на Северина ги „запали“ социјалните мрежи

Популарната пејачка ги изненади корисниците на Инстаграм со најновата видеоснимка

Поп-пејачката Северина Којиќ ги изненади корисниците на социјалната мрежа Инстаграм објавувајќи видеснимка на која танцува во долг капут, под кој и не носи многу облека и кој не ја следи нејзината линија на телото. Сепак, вопреден план се нејзините нозе, како и насмевката, која буквално не ја симнува од лицето.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Популарно