(ВИДЕО) Ужасна глетка: Полицијата прво нокаутира девојка со бокс, потоа ја давеше со пендрек, па ја патосираше

На едно неодамна објавено видео се гледа како холандски полицаец тепа девојка пред ноќен клуб во Ротердам.

Полицијата вели дека биле повикани во неименуваниот ноќен клуб затоа што парот во пијана состојба го нападнал обезбедувањето.

Видео снимката од посматрачите покажува група полицајци како ставаат лисици на човек кој потоа го водат во колата. Млада жена, наводно девојка на уапсениот, доаѓа до еден од полицајците и почнува да се расправа со него. Тој и неговата колешка ја буткаат жената која се заплеткува и паѓа на грб.

Додека минувач и помагаше да стане на неа и пријде полицаец на кого девојката му удира шамар. Следат два брутални удари во глава. Таа повторно паѓа и момчето со црвен шешир се обидува да го бутне полицаецот, кој исто така се обидува да го удри. Обезбедувањето ги предупредува насобраните момчиња да си заминат.

Подигнувајќи ја жената од земја, полицаецот ја влече до полицискиот автомобил. Според соопштението на полицијата во Ротердам, жената и нејзиното момче се уапсени откако го нападнале обезбедувањето во клубот, кои поднеле кривична пријава против нив.

Полицијата во Ротердам вели дека покренала и внатрешна истрага за однесувањето на службеникот.

СТРАОТНО ВИДЕО од зградата која се запали

Во експлозија во станбена зграда во западна Германија, повредени се 25 лица, кои четири потешко, соопшти денеска германската полиција, а не навела дали експлозијата е поврзана со тероризам.

Местото на кое имало зграда, сега има огромна дупка.

Пожарникарите го гаснат пожарот и денеска, а истрагата е во тек. Експлозијата се случила синоќа по полноќ, а луѓето почнале да бегаат во паника.

Нападнал дете - во пијалокот му ставил прашок за потенција

Српскиот моден креатор Дарко Костиќ е сослушан во обвинителството во Белград, каде се бранел со молчење.

Дизајнерот денеска беше приведен на сослушување, а како што пишуваат српските медиуми се очекува и одлука за притвор.

Костиќ прво измамил 15-годишно момче да дојде во неговиот стан, па му ставил камагра (препарат за потенција) во пијалакот, па потоа го удирал со тупаници по главата и му ја искинал маицата, бидејќи момчето не сакало да се омажи за него.

Полицијата по претресот, во станот пронашла траги од наркотици.

Модниот дизајнер, бил приведен откако малолетникот го пријавил за полово вознемирување. Тој во полицијата изјавил дека Костиќ го пронајде преку социјалната мрежа Фејсбук и контактирал со него, а потоа го повикал во студиото да го фотографира.

И покрај тоа што добил ерекција од прашокот во пијалакот, не е хомосексуалец и не сакал сексуален однос со дизајнерот. Поради тоа Костиќ се изнервирал и три пати го удрил по главата

Фото модел од Англија открива: Исламската држава ми го испра мозокот и ме регрутираше!

29-годишната Кимберли Мајнерс од Лондон тврди дека преку интернет започнала врска со регрутерот на Исламската држава во Велика Британија, Навид Хусеин, и дека за малку ќе завршела во Сирија како негова сопруга.

Кимберли, инаку гламурозен модел, открила како регрутерот на терористичката група се обидел да и го испере мозокот и да ја убеди да дојде во Сирија да стане новата "Бела вдовица", како Сали Џонс, џихадистка од Велика Британија, која загинала во Сирија заедно со својот син по американски воздушен напад. 

Таа, како што вели, поради осаменост, на социјалните мрежи се спријателила со луѓе од Сирија, па за разлика од гламурозните фотографии кои претходно ги објавувала, објавила фотографија на која лицето и е целосно покриено. Тогаш била, како што вели, опседната со Хусеин.

Минатата година била уапсена од полицијата откако биле откриени нејзините преписки со Хусеин, во кои и пратил упатства за правење на бомба.

"Сега се срамам од тоа, но ми се допаѓаше вниманието. Бев толку осамена, а со него се чувствував како да припаѓам на некого", рекла таа и додала дека била многу тажна по спонтаниот абортус и раскинувањето со свршеникот.

Кога била уапсена и било кажано дека и се заканува казна до 10 години затвор, но во јануари оваа година била пуштена на слобода. Хусеин неколку недели подоцна загинал во напад на дрон.

Популарно