(ФОТО) Дали некој воопшто ја слуша што пее при вакво деколте до папок?

При синоќешниот настап во Водице, пејачката и актерка Нивес Целзиус распали со црн фустан кој имаше жестоко провокативно деколте „до папок“ кое во преден план ги истакнуваше нејзините бујни гради.

Буквално целиот стилски избор на Нивес беше подреден на нејзините бујни атрибути кои како магнет ги лепат за себе погледите од публиката каде и да се појави таа.

Целзиус, задоволна од расположението и атмосферата на настанот, сподели снимка од истиот на својот Инстаграм профил.

 

Ja to bas tako... Evo posto vam je ovaj kombinezon posebno prirastao srcu, malo da ponovim sliku 😂😂 Mislim da je potpuno nebitno smatrate li to ukusnim il neukusnim, kao sto je potpuno nebitno sta ja mislim o vasim odjevnim kombinacijama. Odijevam se onako kako mi raspolozenje nalaze, ne cinim to da bih izazvala paznju, zavodila ili zato sto je to "in". Ja sam oduvijek  takva kakva sam i ne mislim se mijenjati kako bih vama ugodila. Takoder nisam jedna od onih javnih osoba  koja se kopcala do grla kada je to jedino i bilo prihvatljivo i zustro branila teze kako je golotinja neprihvatljiva i da "nema tih para" , pa onda naglo promjenila pricu jer ipak ima tih para ako je cijena prihvatljiva. Za mene vrijedi samo ona "nema tih para" da glumim nesto sto nisam i nikad ne idem kontra svog srca...Rodena sam takva kakva jesam i ne namjeravam ostat uskracena za sve te divne odjevne kombinacije koje su dostupne i vama sasvim prihvatljive jer vi nemate velike grudi ili mislite da vase stoje ili ste mrsave pa vjerujete da na vama sve izgleda ukusno. Nisam dosla na skolsku priredbu, vec na veceru s odraslim ljudima. I uostalom ti komentari sta ce djeca reci na sisu. Djeca nikad nisu vidjela sise ?  Djeci pokrivate oci kad se zene pored njih suncaju u toplesu?  Pokrivate im oci ako zena pored njih doji? Ucite ih da su sise nesto sramotno a kad odrastu  ne zelite prihvatit da vam je sin gay i da mu se gade zenske sise? Odjeca ne cini covjeka, ali vase prihvacanje ljudi onakvima kakvi jesu, vas cini covjekom ❤

A post shared by Nives Celsius (@nivescelsius) on

ФОТО + ВИДЕО: Барби има огромни гради, но има и уште една желба

Ни по речиси 35.000 евра потрошени на естетски зафати, таа не планира да се смири.

25-годишната Катрина Лорен е опседната со пластичната хирургија и со идејата да стане Барбика. Доаѓа од Индонезија, но поради големиот број на интервенции тешко дека можете да ја погодите нејзината националност. 

Веќе потрошила околу 35.000 евра на операции, вклучувајќи и вградување на огромни силикони, поради кои денес носи градник со F големина.

"Имав три операции на градите, но неуспешно вградување на импланти во задникот. Повеќе пати ставав филери во устата и правев ринопластика на носот. Сакам повторно да одам под нож. Четвртата операција на гради е закажана за септември", рекла таа.

Во желбата да изгледа како пластична кукла, Катрина станала блондинка веќе во тинејџерските денови.

Вози автомобил кој е направен да изгледа како играчка, а и крзното на своето куче го бојадисува во розова боја.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Hold me tight 👅💋💦 #pink #barbie #juicy #doll #bustydoll

A post shared by 🎀 THE REAL ASIAN BARBIE 🎀 (@barbie.of.indonesia) on

"Мојот стан е цел во розови бои, имам розов автомобил, розово куче, тетоважа Барби и сакам да изгледам како Барби", вели Катрина.

"Мислам дека станува збор за личен избор кој индивидуата ја прави среќна. Во мојот случај тоа се операциите, и мислам дека се добри за мене. Имам доволно среќа да можам да го правам тоа што ме прави среќна во конзервативното муслиманско општество во Индонезија", вели таа.

Дневната рутина на Катрина се состои од играње со нејзиното куче Кенди, маникир, третмани за коса и купување на луксузни розови работи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

🎶🎶 Show me your tits I'll show you my weapon and grill, and heaven is real 🎶🎶

A post shared by 🎀 THE REAL ASIAN BARBIE 🎀 (@barbie.of.indonesia) on

Катрина има 131.000 фанови на Инстаграм, а нејзиното куче 1.000.

"Сигурна сум дека многу луѓе никогаш не виделе девојка како мене, посебно во Индонезија. Момчињата секогаш сакаат да се фотографираат со мене, но жените ми се чини дека не ме сакаат, но не ме интересира", вели Катрина.

ФОТО: Пејачките од групата „Little Mix“ позираа голи

Женската музичка група „Little Mix“, наскоро ќе го објави новиот албум, а со една фотографија одлучиле да пратат силна порака на светот.

Четирите девојки од познатиот бенд се соблекле голи и телата ги испишале со разни навреди, кои жените секојдневно ги добиваат поради телесните несовршености.

Нивниот најнов сингл „Strip“ испраќа моќна порака дека жените треба да зрачат со самодоверба, а на овој начин пејачките ги прославиле своите несовршености.

Поранешните победнички на музичкото натпреварување „Икс Фактор“, ги покриле интимните делови од телото, а на кожата ги испишале сите погрдни зборови со кои ги именувале.

„Дебела, не знаеш да пееш, грда, слаба, со стрии..“ се дел од зборовите кои девојките ги носеле на телото.

Пејачките на овој начин сакале да ги повикаат сите жени заедно со нив да ги прослават своите несовршености.

„Сите некогаш сме страдале од ниска самодоверба, сите сме добивале навреди и негативни коментари, а немавме песна за тоа“, рекле девојките од познатиот бенд. 

ФОТО: Џенифер Анистон е сеуште секси како во најубавите години

Џенифер Анистон (49) е позната по својата совршена градба. Не е класична слаба девојка, а делува како здрава и силна жена. Тајната на нејзината совршена линија е боксот.

Холивудската актерка тврди дека овој вид на тренинг е одличен не само поради обликување на телото туку и за исфрлување на негативната енергија.

Со ваков тренинг, актерката ги обликува рацете и стомакот, но и нозете, бидејќи телото постојано ѝ е во движење.

Вежба од три до шест пати неделно, а тренинзите некогаш траат 45 минути, но некогаш два часа. Напорно вежба кога има некое важно случување.

Тренингот се состои од скокање со јаже, трчање, класични боксерски потези и др.

Џенифер е една од 300 познати личности кои својата линија ја одржуваат вежбајќи бокс. Ваков тип на тренинг има одлични психофизички последици на организмот, го затегнува целото тело и е одличен за кардиоваскуларниот систем.

„После бокс тренингот се чувствувате ментално испразнето од сите лоши работи кои ги слушате и гледате секојдневно. Постои и оној сладок момент кога помислувате на некои од тие работи додека удирате“, рекла во една прилика актерката за магазинот „Style“. 

Популарно