Важна информација за возачите во Скопје: Овие улици се затворени

По повод денот на општина Илинден, денеска во периодот од од 15:30 до 19:30 часот ќе се одржи велосипедска трка, поради што  ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќајот долж предвидените тркачки патеки.

Од 15:30 часот велосипедската трка за реакреативци ќе стартува од спортска сала „Гоце Делчев“ во населбата Илинден, потоа кон село Марино, назад кон Илинден, по улица „9“, улица „8“ до спортска сала „Гоце Делчев“.

Трасата, пак, на велосипедска трка за професионалци што  е закажана за 16:00 часот, е со старт од паркингот пред спортската сала во општина Илинден преку надвозникот во населба Илинден кон Ајватовци, потоа Мршевци, Дељадровци, Текија, Миладиновци, Кадино,  Марино и назад до спортска сала „Гоце Делчев“. Се очекува трката да заврши до 19:30 часот.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по трасите на кои ќе се движат натпреварувачите. 

ФОТО: Кога ќе си купиш Мерцедес, но немаш 10 денари за паркинг

Мерцедесот е пракиран на самиот влез на паркингот во Т.Ц. Беверли Хилс, каде еден час паркинг чини 10 денари, но иако вози скап автомобил, нема за паркинг. Или можеби...

ФОТО: Офф.нет.мк

Сте ја виделе ли? Скопјанка исчезна во Аеродром

Повозрасна жена денеска исчезна во Аеродром. Семејството апелира за било каква информација за жената, која последен пат е видена кај ТЦ Скопјанка и носи маслинаст фустан со цветови, бела чанта и сандали.

Апелот за помош е споделен на социјалните мрежи.

Популарно