Ги „пукате“ прстите на рацете? Научниците велат дека…

Некои луѓе уживаат да ги пукаат зглобовите, додека некои тоа го сметаат за одвратна навика. За што навистина се работи?

Научниците се обидуваат да ја утврдат причината зошто некои луѓе имаат погласни зглобови од другите, но до сега не успеале да донесат заклучок за таа состојба. Единствено што се знае е дека тоа има некаква врска со азотот и јаглен-диоксид-от кои се насобираат помеѓу зглобовите, па штом е воздушниот притисок понизок, веројатноста дека ќе дојде до пукање е голема.

Се претпоставува дека звукот на пукање се јавува во моментот кога гасот нагло ќе премине во течна состојба.

И покрај тоа што не може да се утврди причината за оваа состојба, научниците велат дека таа не претставува некој голем проблем и дека доколку луѓето заради пукањето на прстите би имале проблем, тие сигурно до сега би знаеле.

Но постои еден услов – пукањето на прстите не смее да биде болно. Во тој случај, треба да се посети лекар.

Видео: Откриени фосили од диносаурус во Хонг Конг

Властите во Хонг Конг соопштија дека откриле фосили од диносауруси на зафлен и ненаселен остров кај градот. Ова е прво такво откритие во овој град во Кина.

Наодите се откриени на островот Порт во Глобалниот геопарк на УНЕСКО во североисточните водни делови на градот. Фосилите најверојатно биле дел од голем диносаурус од периодот Креда, т.е. пред околу 145 до 66 милиони години. Ќе се спроведат дополнителни истражувања за да го потврдат типот на диносаурус. Островот Порт е затворен за јавноста до дополнително известување за да се олеснат идните истражувања и ископувања, се вели во официјалното соопштение.

-Откритието е од големо значење и дава нови докази за палеоеколошките истражувања во Хонг Конг, рече секретарот за развој на градот, Бернадет Лин Хон-хо.

Фосилите ќе бидат изложени денеска во еден од трговските области во Хонг Конг.

Професорот Мајкл Питман, палеонтолог од Кинескиот универзитет во Хонг Конг, рече дека „откритието е возбудлив лучај“ за градот, кој долго време беше домаќин на опсежни истражувања за диносаурусите, но се согласува дека наодите допрва треба да е потврдат.

-Хонг Конг е познат по обликуваниот пејзаж, но половина од сѐ тоа е „селски парк“. Во руралните области, повеќето од она што го гледате се карпи од ерата на диносаурусите, но тие се вулкански карпи – и тоа се лоши места за наоѓање фосили бидејќи фосилите едноставно „се топат“. Но, островот Порт е еден од островите каде што има карпи од ерата на диносаурусите од соодветниот вид и – вистинска средина, појасни проф. Питман.

Кина е една од четирите земји кои водат истражувања за диносауруси – заедно со САД, Канада и Аргентина. Во таа смисла, досега десетици илјади јајца од диносаурус се пронајдени во областа Гуангдонг, каде што се наоѓа Хонг Конг.

-Се надевам дека, гледајќи ги овие фосили, ќе видиме разлики со оние од некои од познатите наоѓалишта во Кина, како Сечуан и Јунан. Тоа може да раскаже навистина занимлива приказна за биогеографијата на животните, рече Питман.

Владата вели дека ангажирала научници и од континентална Кина за да спроведат истрага на тој терен. Властите, исто така, планираат да се отвори привремена работилница за јавноста за набљудување на стручната подготовка на фосилни примероци до крајот на 2024 година.

На денешен ден Колумбо ја открил Америка

На денешен ден во 1492 година прочуениот италијански морепловец Кристофер Колумбо (1451-1506 г.), во служба на Шпанија, по двомесечно пловење, пристигнал на бахамскиот остров Гуанахани, откривајќи ја на тој начин Америка.

Колумбо на овој пат тргнал со три бродови: „Санта Марија", „Ниња" и „Пинта".

Во текот на патувањето ги открил Куба и Хаити, каде што оставил дел од своите луѓе и се вратил во Шпанија. Подоцна, уште неколкупати одел на слични патувања.

НАСА: Астероид со големина на облакодер ќе помине покрај Земјата

Астероид голем колку облакодер денеска ќе помине на 2,7 милиони километри од Земјата.

„Но, не грижете се бидејќи шансите да не удри астероид се многу мали“, пишува Гардијан.

Центарот на НАСА за проучување на објекти блиску до Земјата проценува дека астероидот е широк помеѓу 210 и 480 метри. Ова значи дека астероидот би можел да биде сличен по големина на Емпајер Стејт Билдинг во Њујорк или Кулата Вилис во Чикаго.

Откриен во 2008 година, астероидот е означен како 2008 OS7. Нема да ни се врати до 2032 година, но ќе биде многу подалечна средба бидејќи тогаш ќе биде на повеќе од 72 милиони километри од Земјата.

Безопасното прелетување е едно од неколкуте прелетувања на астероиди оваа недела. И три многу помали астероиди денеска безопасно ќе „прозујат“ покрај Земјата. Овие астероиди немаат дијаметар поголем од десет метри. Два астероиди ќе поминат покрај Земјата во сабота, додека астероид со големина половина од 2008 OS7 ќе го направи тоа во недела.

Популарно