(ВИДЕО) Повеќе од 3000 Швеѓани имаат вградено чипови под кожата

Повеќе од 3000 Швеѓани во изминатите три години вградиле ситни чипови под кожата, на тој начин олеснувајќи си себеси си и оставајќи ги дома личните документи и клучевите.

Чиповите се со големина на зрно ориз, а од 2015. година полека го менуваат секојдневието на обичните луѓе. Иако им звучи како кошмар, посебно на оние луѓе кои не сакаат реални шоуа и задирање во приватноста, за Швеѓаните ова претставува олеснување и побитно им е од потенцијалното кршење на приватноста.

Како што пишуваат медиумите, Шведска е токму една од земјите во кои многу добро се прифаќаат новите технологии, а делењето на лични податоци гo сфаќаат како обележје на "отворено општество".

Помеѓу 3.000 чипирани Швеѓани е и Улрика Селсинг (28 години). Малиот чип во раката и ги замени картичките за теретана и за влез на работа. Го употребува така што раката ја навалува на скенерот и потоа го внесува кодот за отклучување на вратата.

Забавно е да се испроба нешто ново и да се види за што се би можело ова да се користи, за да можеме себеси да си го олесниме животот во иднина, вели Селсинг, која овој чип би можела да го користи и за плаќање билети за воз.

Државната железничка компанија со новата услуга привлече речиси 130 лица. Кондуктерите треба само да ја скенираат раката откако билетот е купен онлајн. Овие чипови користат NFC технологија, како и банкарски картички, а би можеле да носат и податоци за разни влезници, автомати, меѓутоа, тоа се уште се тестира.

ВИДЕО: Самсунг ја претстави иднината на паметните телефони

После долгите најавувања, прашање на време беше кога јужнокорејски Самсунг ќе го претстави својот флексибилен паметен телефон.

Сепак, тоа што Самсунг им го претстаави на девелоперите е само концепт и ќе поминат барем уште неколку месеци пред да го видиме паметниот телефон со флексибилен екран во пракса. Како и да е, целиот концепт на Јужнокорејците ветува многу.

Концептот нуди 7,3-инчен флексибилен екран кој може да се користи за читање, гледање на телевизија или работа на неколку апликации истовремено. Како што соопштија од Самсунг, Flex Display ќе поддржува работа во три апликации истовремено.

Кога е целосно отворен, изгледа како таблет, но кога ќе се склопи се претвора во обичен паметен телефон.

Покрај новиот екран доаѓа и нов кориснички интерфејс “One UI” кој што ќе ги воодушеви минималистите и сите оние кои што не сакаат да имаат премногу апликации на екранот. Тука UI-то ќе биде посебно прилагоден за користењето на паметниот телефон со една рака да биде природно и едноставно.

Со оглед на тоа што од Гугл потврдија дека Андроид во идните верзии ќе поддржува флексибилни екрани, се чини дека 2019-та година ќе ја одбележат токму ваквите, телефони со флексибилни екрани.

ВИДЕО: Минијатурни роботи ќе „патуваат“ низ нашите очи

Мали спирални роботи можат да патуваат низ окото на човекот, со цел во организмот да ги испорачаат неопходните лекови за најбрзо можно време.

Микро роботите се креирани со помош на 3Д печатач, а станува збор за технологија која што произведува објекти кои се до 200 пати потенки од влакното на човечкото око.

Благодарение на магнетните делови, роботите лесно можат да патуваат низ густа течност, а се уште се тестираат во вештачки услови, пред да бидат подготвени да влезат во употреба. Во текот на тестовите, роботите стигнувале до делови од окото за 30 минути, односно стигнуваат за 10 пати побрзо време од лековитите супстанци кои што се наоѓаат во капките за очи да стигнат до истата точка.

Оваа студија ги поставува темелите за развивање на таканаречените микро возила кои што би можеле да се користат за брзо и ефикасно лекување на очите, како глаукомата и компликациите кои што настануваат кај луѓето кои што боледуваат од дијабетис.

Директорот на Google испрати порака до вработените на компанијата

Компанијата Google, која е обвинета за прикривање на случаеви за сексуално злоставување, вети дека ќе воведе интерни промени кои би придонеле за подобро следење на тие ситуации, прифаќајќи некои барања на своите вработени.

"Треба да се признае дека во минатото не сме преземале сè што е потребно и поради тоа искрено жалиме", напиша директорот на Google, Сундар Пичаи во пораката за вработените. 

"Мораме да им пристапиме на промените", рекол тој.

Пичаи вети дека Google ќе биде транспарентен во водењето на обвиненијата за злоставувања и дека вработени кои тврдат дека биле злоставувани ќе имаат подобра интерна поддршка.

Како што побарале вработените, Google ќе ја раскине задолжителната "арбитражна клаузула" која ги обврзува вработените да се откажат од правосудниот процес во случај на сексуално злоставување и таа ќе биде по избор.

Арбитражата е облик на посредување, наменета за решавање на спорот многу подискретно од судска постапка. Арбитражата е чест случај во американските компании и многу често се занимава со случаеви на сексуално насилство.

Протест поради злоставување

Од Сингапур до Њујорк, преку Лондон и светското седиште на компанијата во Калифорнија, илјадници вработени на Google минатата недела престанаа со работа за да предупредат на сексуално насилство во компанијата.

Тој проект е покренат откако се објави статија на Њујорк Тајмс, во која магазинот наведе дека Google во последните години прикривал низа случаеви за сексуално насилство во кои биле вклучени високи функционери, помеѓу кои Енди Рубин, основачот на оперативниот систем Андроид, кој си замина од компанијата во 2014 година со отпремнина од 90 милиони долари, а Рубин ги негираше обвиненијата.

Популарно