(ВИДЕО) Дрон што менува облици и се трансформира во лет

Истражувачите од лабораторијата JSK на универзитетот Токио измислија “DRAGON“ дрон направен од неколку мали дронови и може да се трансформира дури и во лет.

Дронот ги менува облиците и тоа во однос на просторот кој го истражува. Името е акроним на Dual-rotor embedded multilink Robot with the Ability of multi-deGree-of-freedom aerial transformatiON односно DRAGON.

Дизајнот е направен врз основа на традиционалните змејови во кои опашката е направена од неколку мали поврзани змејови, во овој случај, дронови.Секој дрон има пар вентилатори кои се прилагодуваат во секоја насока.

Тимот научници сега работи на правење поголем дрон кој ќе има 12 модули и ќе може да се користи како летачка рака затоа што свата крајни дрона како пинцета ќе можат да собираат работи. Ваков вид дрон би можело да се користи во индустријата или во спасувачки мисии.

„Овој модел може да се движи на земја. Нашиот ултимативен сон е да направиме летечки хуманоид, како вооружениот Iron Man”, вели асистентот Моју Жао кој работел на овој изум.

ВИДЕО: Самсунг ја претстави иднината на паметните телефони

После долгите најавувања, прашање на време беше кога јужнокорејски Самсунг ќе го претстави својот флексибилен паметен телефон.

Сепак, тоа што Самсунг им го претстаави на девелоперите е само концепт и ќе поминат барем уште неколку месеци пред да го видиме паметниот телефон со флексибилен екран во пракса. Како и да е, целиот концепт на Јужнокорејците ветува многу.

Концептот нуди 7,3-инчен флексибилен екран кој може да се користи за читање, гледање на телевизија или работа на неколку апликации истовремено. Како што соопштија од Самсунг, Flex Display ќе поддржува работа во три апликации истовремено.

Кога е целосно отворен, изгледа како таблет, но кога ќе се склопи се претвора во обичен паметен телефон.

Покрај новиот екран доаѓа и нов кориснички интерфејс “One UI” кој што ќе ги воодушеви минималистите и сите оние кои што не сакаат да имаат премногу апликации на екранот. Тука UI-то ќе биде посебно прилагоден за користењето на паметниот телефон со една рака да биде природно и едноставно.

Со оглед на тоа што од Гугл потврдија дека Андроид во идните верзии ќе поддржува флексибилни екрани, се чини дека 2019-та година ќе ја одбележат токму ваквите, телефони со флексибилни екрани.

ВИДЕО: Минијатурни роботи ќе „патуваат“ низ нашите очи

Мали спирални роботи можат да патуваат низ окото на човекот, со цел во организмот да ги испорачаат неопходните лекови за најбрзо можно време.

Микро роботите се креирани со помош на 3Д печатач, а станува збор за технологија која што произведува објекти кои се до 200 пати потенки од влакното на човечкото око.

Благодарение на магнетните делови, роботите лесно можат да патуваат низ густа течност, а се уште се тестираат во вештачки услови, пред да бидат подготвени да влезат во употреба. Во текот на тестовите, роботите стигнувале до делови од окото за 30 минути, односно стигнуваат за 10 пати побрзо време од лековитите супстанци кои што се наоѓаат во капките за очи да стигнат до истата точка.

Оваа студија ги поставува темелите за развивање на таканаречените микро возила кои што би можеле да се користат за брзо и ефикасно лекување на очите, како глаукомата и компликациите кои што настануваат кај луѓето кои што боледуваат од дијабетис.

Директорот на Google испрати порака до вработените на компанијата

Компанијата Google, која е обвинета за прикривање на случаеви за сексуално злоставување, вети дека ќе воведе интерни промени кои би придонеле за подобро следење на тие ситуации, прифаќајќи некои барања на своите вработени.

"Треба да се признае дека во минатото не сме преземале сè што е потребно и поради тоа искрено жалиме", напиша директорот на Google, Сундар Пичаи во пораката за вработените. 

"Мораме да им пристапиме на промените", рекол тој.

Пичаи вети дека Google ќе биде транспарентен во водењето на обвиненијата за злоставувања и дека вработени кои тврдат дека биле злоставувани ќе имаат подобра интерна поддршка.

Како што побарале вработените, Google ќе ја раскине задолжителната "арбитражна клаузула" која ги обврзува вработените да се откажат од правосудниот процес во случај на сексуално злоставување и таа ќе биде по избор.

Арбитражата е облик на посредување, наменета за решавање на спорот многу подискретно од судска постапка. Арбитражата е чест случај во американските компании и многу често се занимава со случаеви на сексуално насилство.

Протест поради злоставување

Од Сингапур до Њујорк, преку Лондон и светското седиште на компанијата во Калифорнија, илјадници вработени на Google минатата недела престанаа со работа за да предупредат на сексуално насилство во компанијата.

Тој проект е покренат откако се објави статија на Њујорк Тајмс, во која магазинот наведе дека Google во последните години прикривал низа случаеви за сексуално насилство во кои биле вклучени високи функционери, помеѓу кои Енди Рубин, основачот на оперативниот систем Андроид, кој си замина од компанијата во 2014 година со отпремнина од 90 милиони долари, а Рубин ги негираше обвиненијата.

Популарно