ЗА ДОБРО УТРО: НЕКОЈ СО БАГЕРИ – НЕКОЈ СО МУЗИКА И УТРИНСКО КАФЕ (ФОТО + ВИДЕО)

Персоналот на култното скопско кафуле Бастион, реши наместо зад шанкот, да биде во и пред бараките на Општина Центар! Тие под мотото:  Некој со багери – а некој со музика утрово за вработените во Општината, Кабинетот на Градоначалникот и граѓаните на најцентарската Општина приредија вистинско утринско уживање. Делеа тазе кафе со подарок цд кое соддржи сет од најдобрата музика која ја сакаат Центарци и посетителите на Бастион. На оправдано отсутните (меѓу кои и Градоначалникот и дел од Советниците) подароците им беа оставени на Пријавницата на Општината. Кафе Бастион најавува уште многу други активности со кои ќе се обиде да им укаже на општинските власти дека Центар заслужува урбан лик. Како еден од најпрепознатливите скопски брендови Бастион под мотото Општина центар – Бастион на добрата забава, наскоро ќе достави и неколкугодишна програма за развој на позната улица Аминта Трети (екс Ленинова) која е најпосетувана центарска улица од многубројните туристи во градот...

Тимот на Бастион искрено се надева дека сите доставени предлози кои се во функција на туристички и угостителски развој, општинските власти сериозно ќе ги разгледаат и ќе одговорат на истите...

Шилегов: Ако не реагираме, мостот ЌЕ ПАДНЕ!

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска истакна дека градежните работи кај мостот „Гоце Делчев“ ќе се одвиваат во наредните 40 дена.

Тој објасни дека станува збор за дилатација што не е извршена повеќе од 13 години и  затоа таму ќе има посебен сообраќаен режим.

– Ќе треба да издржиме тие 40 дена, да имаме сообраќаен метеж или ќе падне мостот „Гоце Делчев“. Лето е, луѓето не се толку присутни и вистинско време е да ја извршиме таа дилатација на мостот, изјави Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Во четврток започнува фестивалот „Summerland” 2019

Оваа година за  првпат во Скопје, ќе се одржи фестивалот Summerland 2019. Од 04.07-28.07 во срцето на Градски парк со главна бина на Школка, секојдневно ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти.

Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во склоп на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои ќе го направат летото во Скопје незаборавно.

Отворањето на „Summerland” е во четврток ( 04.07), а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00-00:30. Летната забава на Школка, во четврток ќе започне со групата „Нокаут“, а викендот е резервиран за трибјут настапи- во петок, ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и  Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика. Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје.

Популарно