(ФОТО) Пет минути сеир во центарот на Скопје

Вчера попладнето на твитер беа објавени фотографии на кои се гледа една лоша слика во центарот на Скопје. Двајца скопјани во близина на Камениот Мост до гола кожа соголуваат овца.

По ова уште еднаш да си го повториме прашањето: Дали Скопје е навистина метропола?

Битолчанец може да добие 6 месеци затвор зошто го кренал македонското знаме

– Пристигнувам дома од работа и ми велат ми стигнала „честитка" за на обвинител заради тоа што го кренавме македонското знаме на јарболот во Битола, пишува битолчанецот Тони Митревски на својот Фејсбук профил.

Како што објаснува тој, поканата ја добил во својство на осомничен според член 144 од Казнениот законик на Република Македонија, што подразбира извршување на кривично дело Загрозување на сигурносата, со што може да добие казна затвор до 6 месеци.

За потсетување, петмина битолчани пред околу месец и половина беа приведени од битолската полиција откако заедно со поголема група на граѓани се обиделе да го вратат Македонското знаме на јарболот во центарот на градот.

– Да не требаше грчкото да го кренеме, коментира Митревски на својот Фејсбук профил.

(ФОТО) Уништен: Вака изгледа денес некогашниот Поштенски дом на Водно

Ретко кога човек останува без збор или без наслов за она што го пишува. Еден таков момент е токму сегашниов, напиша професорот Љубомир Цуцуловски на „Фејсбук“ споделувајќи ги фотографиите што ги направил на Водно. На нив се гледа некогашниот Поштенски дом на Водно, кој е во очајна состојба и комплетно уништен.

„Не знам што да речам, ниту како точно да го насловам постот. Можеби збунетоста ќе тане поразбирлива, кога ќе ги видете фотографиите што ги приложувам. Ги направив денес, на Водно. Значи, не наводно, туку токму на Водно. На нив се гледа некогашниот објект, познат како Поштенски дом на Водно, на надморска висина од околу 700 метри. Мислам дека е граден во ’70-тите години од минатиот век. Беше комбинација на хотел и ресторан, со летна тераса. Беше во сопственост на ПТТ. Но, беше… Што е денес, не знам. Но, барем нешто може да се види и заклучи од фотографиите. П.С. До скоро не беше во ваква состојба, која (најверојатно) е резултат на еден чин, извршен (најверојатно) во една ноќ“, пишува професорот.

Скопје високо загадено и среде лето

Проблемот со загадувањето на Скопје вообичаено во лето се заборава, но тоа не значи дека го нема. Напротив, последните бројки на мерена загаденост покажуваат дека главниот град на државава и среде лето е високо загаден.

Во минатата есен и зима Скопје речиси постојано беше меѓу топ 5 најзагадени градови во светот, а неколкупати се искачуваше и на самиот врв на оваа неславна листа. Граѓаните се жалеа дека буквално дишат отров и се задушуваат. Последните бројки на Пм честици покажуваат дека проблемот со загаденост е присутен и сега, но никој не обрнува внимание на него. И додека во зима изговорот за високата загаденост е греењето на домаѓинствата, се наметнува прашањето кој е сега виновен за моменталното високо загадување?

Популарно