Беше млад за депресија и млад за да замине

Гитаристот на Рок бендот „Морал“ Ивица Јорданов во изјава за „Фокус“ зборува за Влатко Илиевски кој беше пронајдон мртов во својот автомобил.

– Веста ја добив од Славчо Стојанов. Беше тоа шок за мене. Кој би очекувал вакво нешто од човек што беше полн со живот, енергија, волја за работа. Едноставно останав без зборови.

Влатко беше прекрасен дечко, многу харизматичен човек. Првпат го запознав како средношколец, тогаш запеа во „Морал’’ на препорака на Славчо. Донесе енергија и некоја харизма што ја пренесе и на нас. Имавме многу свирки, настапи, снимања, секогаш беше топ, на висина на задачите. Многу уникатен рок пејач, знаеше да повлече на бина и да не мотивира сите. Ќе ми фалат неговите шеги, имаше добра смисла за хумор. Често се смеев со солзи. Направи соло кариера што многу пејачи посакуваат да ја имаат. И, да не се заборави, потенцирам, ТОЈ прв ја наполни Арена „Борис Трајковски“ со 9,10 илјади луѓе. Ќе ми фали многу, секогаш насмеан, фин и спремен, се присетува долгогодишниот колега и пријател на Илиевски.

Околу тоа, дали тој знаел дека Влатко го мачи нешто, дали се жалел или пак бил депресивен, Ивица вели дека никогаш не се посомневал во нешто такво.

-Не, Влатко секогаш беше ОК. Тој беше млад за депресија, и млад за да замине. Ама, за тоа не одлучуваме ние, тоа е животот. Еден голем рингишпил, се возиме и никогаш не знаеме во кој момент ќе заврши возењето, изјави Јорданов за Фокус.

НЕНАСИТНА: Карлеуша спиела со уште еден маж!

По објавените експлицитни фотографии од српската пејачка Јелена Карлеуша, во јавноста се шират и озборувања за нејзиниот претходен скандал додека била во брак со Бојан Кариќ, пишуваат српските медиуми.

Станува збор за неверството кое Карлеуша го направила пред десет години, кога Кириќ ја фатил во кревет со нејзиниот телохранител. По избивањето на тој скандал, двојката се развела, а пејачката како и денес се оправдуваше со скандалот дека и бил наместен затоа што семејството на Кириќ наводно не ја сакале за снаа.

Карлеуша тогаш тврдеше дека не била пожелна во семејството на Кириќ, затоа што била пејачка.

ВИДЕО: Ќе се стопите кога ќе слушнете како Беквалац и пее на ќерката

Катија е се уште мала, па затоа мама Наташа ја заспива во прегратака со песничка.

Беквалац објави и видео на кое се гледа како ја држи Катија во прегратка и и пее,а фановите „стопени“ од ова виде оставаа само позитивни коментари.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Kada se pravi da je jako mala beba😂...KATJA❤

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

ВИДЕО: Сергеј Варошлија најде нова „жртва“, па ја „растури“ Бојана Скендеровски: „Изгледаш како мутирана Лила“

Модната војна на Сергеј Варошлија со дел од македонската естрада не само што продолжува, туку и се разгорува. Малку, малку, па некоја нова „жртва“ од познатите фаци ќе дојде на ред кај „чичко Сергеј на моден преглед“, од глава до петици или поточно од глуждови до трепки.

Последна на ред беше пејачката и ТВ водителка Бојана Скендеровски. Модниот „1ТВ гуру“, како што е кај него редот кога некој ќе му влета во „неговиот термин“, не штедеше зборови да и каже се’ што има да и каже на дамата од „Улица Македонија“, најмногу на сметка на нејзиниот изглед, имиџ и облекување… Од фризура до потпетици, Сергеј ја стори пуздер Бојана, потенцирајќи и ги сите маани и недостатоци… Се разбира на себесвојствен начин, со јазик и вокабулар на кој најчесто и му забележуваат дека во неговата емисија „Мода“ се омаловажуваат само „не случајно одбраните за отстрел“.

И додека едни премолчуваат, други гласно коментираат само во својот круг на блиски и пријатели, трети пак правдата ја побараа на суд, газдарицата од империјата Скендеровски реши веднаш да го возврати ударот… И тоа јавно, со двојна мерка!

Бојана не додржа, па не чекаше долго, туку веднаш седна и преку својот Фејсбук профил на социјалните мрежи му напиша одговор на модниот критичар. Ништо помалку лутит, остар и жесток… од изречените критиките кон неа, од страна на Варошлија.

„Слушам кај лепотанов, хермафродитов или не знам кој род е, не знае ни сам што е, јас сум дошла на ред за плукање…те чекав искрено,и тоа со мерак….

Епа вака душо….ти што немаш професија, односно “градиш” во моментов некоја кариера и лажеш дечиња, да фаќаат сеир,искрено си за жалење, изгледаш на црвче во хеланки и си многу, ама многу лошо нашминкан и пропагираш “изблајхани” коси, како што е впрочем твојата….(подгоренка и ретка)

Продолжи да бидеш лингур и да си ги фалиш другарките, или пак тие што ќе те почастат по нешто….те разбирам,мора да се живее од нешто….

Ти благодарам за убавиот избор на мои фотографии….

Добра ноќ“ – возвраќа пејачката и водителка, обраќајќи му се на колегата од спротивната ТВ куќа.

Останува да ја слушнеме и видиме контрареакцијата на другата страна, ако воопшто ја има…!? Или „1ТВ“ империјата блиска до власта, ќе се одлучи правдата да ја бара на друго место?

Дотогаш погледнете ја емисијата „Мода“ во која Варошлија модно „ја демолираше“ Бојана:

Популарно