Овие хороскопски знаци се мајстори на флертот и заведувањето

Овен

Овните се прилично привлечни за женскиот свет. Сакаат да контролираат, исклучително се добри во бакнување, но нетрпеливи и често себични во водењето љубов, што може да доведе до потешкотии во односот. Нивните моменти на страст често се минливи, но ако се заљубат, очекувајте едно од најубавите животни доживувања.

Бик

За овој знак велат дека е најдобар љубовник и најмажествен знак во Зодијакот. Има екстремно силен љубовен нагон и постојана потреба за физички допир, а нивниот апетит се чини ненаситен. За него љубовта е како храна. Сметаат дека во неа треба да се ужива долго, често и предано.

Близнаци

Ако ја цените интелигенцијата, Близнаците се идеални за вас. Паметни и досетливи, тие се мајстори за флерт и женскиот род лесно паѓа на нив. Како љубовници се исклучително креативни и со нив нема никогаш да ви биде досадно. Но, водете сметка дека слични карактеристики очекуваат од својата партнерка.

Рак

Како најемотивен и најчуствителен знак во Зодијакот, на Ракот му треба нежен допир и длабока емотивна поврзаност со својот партнер. Тие ја ценат грижата и ќе забележат ако другите прават добри дела. Тие се многу предани и страсни љубовници, но ако ја изневерите нивната доверба, подготвени се на жестока одмазда.

Лав

Секогаш огнени, Лавовите горат од сексуална самодоверба и моќ. Во кревет преземаат иницијатива и ги истражуваат љубовничките вештини на речиси драматичен начин. Ако се најдете со Лав во ваква вртоглава страст, очекувајте многу подароци и внимание.

Девица

Ако сакате на некој да му бидете центар на ветот, одвојте ја Девицата. Иако изгледаат мирни и сталожени, дури и ладни, длабоко во нив се крие огромна сензуалност. Склони се на опсесија и перфекционизам, што може да биде тешка комбинација за врска. Но, ако ги освоите ќе ве сакаат цел живот.

Вага

Желна да пружи задоволство, Терезијата е одличен и посветен љубовник. Сака сентименталност и романтичност, а ќе и биде драго да и исполните по некоја фантазија. Флертувањето на Вагите им е во крвта, како и експериментирањето во кревет.

Скорпија

Најсексипилен од сите знаци во Зодијакот. На Скорпиите не им е непозната особината да ги искористуваат другите за да ги задоволат своите ексуални апетити. Имаат магнетска привлечност, одлични се во кревет иако имаат проблем со емоциите во целата приказна.

Стрелец

Стрелецот секогаш останува млад во срцето и отворен за експерименти во кревет. Често се страствени кон една личност, но брзо добиваат потреба за нови авантури. За кратка и забавна авантура Стрелците се вистинскиот избор, а оние кои сакаат врска можат да ги сметаат за помалку нестабен хороскопски знак.

Јарец

Јарецот е резервиран кон другите, па мора силно да се заљуби за да ја постигне вистинската физичка интимност. Не се склони кон експериментирање, но се стабилни и верни во врска, па се одличен избор за оние кои сакаат вистинска врска.

Водолија

Ќе ве сакаат поради вашето тело и нема да се заморуваат со однос пред да ве повикаат во кревет. Тие се љубители на физичката љубов и непредвидливите романси. Имаат бунтовничка природа и ќе бидете за нив пожелни доколку сте свои и оригинални.

Риби

Овој знак ќе ви пружи големо задоволство во физичка смисла. Рибите сакаат да удоволуваат и најсреќни се кога сите околу нив се среќни. Кога ќе ја запознаат љубовта на својот живот, за нив нема проблем кој не може да биде решен со секс за помирување.

Поучна приказна: Зошто туѓата жена секогаш е послатка?

Постои една легенда, според која во старите времиња, Господ од глина направил 10 Адами. На секој од нив, тој му дал различни дарби. Едниот бил одличен столар, другиот земјоделец, третиот овчар… Не поминало многу време, а тие се собрале и отишле кај дедо Боже со молба:

Се  имаме , ама ни фали нешто. Досадно ни е.

Господ се замислил, им дал тесто и им рекол:

Секој од вас нека си нaправи од тестото жена каква му се допаѓа: ниска, висока, слаба, дебела….Јас ќе им дадам живот. Тие ќе ви бидат поткрепа и утеха. Со нив никогаш нема да ви биде здодевно.

Пред да си заминат, Господ им дал кутија со шеќер и им рекол:

Во кутијата има десет вреќички шеќер, секој нека земе по  една и нека ја даде на својата жена за животот да ви биде сладок.

Така рекол и ги оставил да си го поделат шеќерот. Секој од мажите,  зел по една вреќичка и си отишле кај своите жени.

По некое време, Господ се вратил и многу се налутил.

Meѓу вас има крадец! Во кутијата имаше 11 вреќички шеќер, кој од вас зел две?!

Никој не одговорил, сите молчеле со наведнати глави. Господ тогаш ги зел жените, ги помешал и им ги раздал без ред.

Оттогаш девет од десет мажи, мислат дека туѓата жена е послатка, затоа што изела повеќе  шеќер од нивната.  А  само еден од десет мажи, знае дека сите жени се исти, бидејќи тој самиот си го  изел  шеќерот.

Девојки со џоинт ја снимаат другарката додека има секс - на масата дрога и пари

Нов секс-скандал ја потресе српската јавност. Овој пат не станува збор за „приватна архива“ на некоја позната личност, туку станува збор за четири млади луѓе.

Запрепастувачка глетка во која две лица имаат секс на само неколку метри од две тинејџерки, додека тие седат и пушат марихуана, пренесува Курир.рс

На снимката се гледаат експлицитни сцени на кревет, додека две девојки ја коментираат „акцијата“ на другата и конзумираат дрога.

Содржината која почна да се споделува на Вибер, не е нималку наивна, ниту може да се оправда, станува збор за сериозен проблем во кој изгледа дека запаѓа младината, пишуваат српските медиуми.

Популарно