(ГАЛЕРИЈА) Дуа Липа со момчето пристигна во Косово, беше фотографирана со семејството

Дуа Липа го започна својот престој во Косово. 22-годишната музичка ѕвезда со приватен авион пристигна во Приштина заедно со своето момче Ајзак Кару. Нејзиниот стајлинг вклучуваше впечатливи чизми од Александар Воте.

На аеродромот таа беше фотографирана со нејзините родители и нејзината сестра Рина.

Популарната пејачка сподели и фотографии од оброкот во авионот со Ајзак.

 

What are those?

A post shared by ISAAC CAREW (@isaaccarew) on

ВИДЕО: Сека Алексиќ се потсети на починатиот татко и се расплака пред камерите

Пејачката Сека Алексиќ беше гостинка во емисијата „Магазин ин“ каде што заедно со гостите зборуваше за најразлични теми.

При крајот на емисијата, кога водителката праша кој им недостига за време на овие празници, на кого би сакале да им го честитаат, а таа личност  не е тука, Сека се потсети на нејзиниот татко.

Непријатната случка се случила на Бадник, а таа вели дека пречувствувала.

„Мојот татко почина на Бадник, а јас како да знаев. Се роди Јаков, а татко ми беше болен неколку месеци, не можеше да патува. Јаков беше мало бебе, невакциниран и јас како мајка гледав да го зашитатам додека не се вакцинира. Кога почувствував дека татко ми ќе умре, го донесовме дома и го виде Јаков“ низ солзи изјави Алексиќ.

ФОТО: Слаткар и Сања им приредија изненадување на пријателите

За време на новогодишните празници, луѓето се трудат да ги изненадат своите најблиски и пријатели со интересни подараоци. Неважно дали се скапи, важен е секако гестот.

Марко Слаткаристика и неговата сопруга, Сања Николиќ се одлучиле да им приредат изненадување на своите соседи, па пред врата им оставиле пакетчиња.

Фотографијата од изненадувањето Слаткар ја сподели на социјалните мрежи.

ВИДЕО: Легендара Андруш уште еднаш ги воодушеви сите

Андруш Ангелковски кој се прослави преку видеото во кое ја пее песната „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески, во многу наврати досега знае да ни ги стопли душите, да не насмее, да не мотивира и да покаже дека преку песна можеме да пренесеме љубов и се што сакаме. ТНего македонските песни му лежат најмногу, но знае да запее и многу песни од соседството. Сепак, оваа песна е она кое може навистина да ве расположи во еден ваков ден, а тоа е песната „Облаче ле бело“.

Инаку, Андруш имаше изјавено дека тој и Наум се големи пријатели и дека истиот го чувствува како брат.

„Навистина сме блиски и на секое мое враќање дома го посетувам“, откри камионџијата, кој во неколку наврати до сега има потенцирано дека повеќе милува кога го ословуваат со доктор.

За да не ви раскажуваме, а за да слушнете како звучи и како изгледа кога легендата Андруш ја пее песната Облаче ле бело, кликнете на видеото и уживајте во неговата изведба.

Популарно