ВИДЕО: Заев мези бесплатни копанчиња во Skopje City Mall

Македонскиот премиер Зоран Заев седнат до градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, денеска мезеше бесплатни копанчиња во Skopje City Mall, што може да се види на една третина од снименото видео што се појави на социјалните мрежи.

Ресторанот KFC почна со работа во Skopje City Mall а денеска промотивно се делеа гратис копанчиња, а премиерот Заев најверојатно бил поканет да присуствува на отворањето.

Нов режим на паркинг во Сити Мол

Почитувани посетители,

Ве известуваме дека СКОПЈЕ СИТИ МОЛ, воведува нов режим во однос на паркингот. Работното време на паркингот од 08 до 01 часот останува исто, додека транзитниот бесплатен период ќе изнесува 30 минути. 

Првите 4 саати чинат како и до сега 40 денари, а после тие 4 саати, секој саат чини 40 денари. Со тарифата 4 саати за 40 денари, Скопје Сити Мол останува наејвтин паркинг во Македонија.

Паркингот како и до сега е бесплатен за лицата со инвалидност, со приложување на инвалидската книшка при влез и излез од Трговскиот Центар на лицата од обезбедување.

ФОТО: ГТЦ ќе добие зелен покрив

ТЦ во Скопје ќе добие зелен покрив. Местото каде што ќе никне новата зелена површина денеска го посетија градоначалникот Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар и Ѓоко Трајчевски, Директор на ГТЦ.

– ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив кој сега е речиси неискористен ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот, овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите – рече градоначалникот Петре Шилегов.

Зазеленувањето на покривот на ГТЦ е дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје.

– Изградбата на зелениот покрив е една од многуте заеднички активности кои ги спроведуваат  Град Скопје и УНДП со цел да се зголеми отпорноста на градот и да се обезбеди одржливост преку воведување нови иновативни технологии и решенија – изјави постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.

На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно ќе се надомести загубеното зеленило во Малиот ринг коешто до 2017 година претрпе загуби повеќе од 30% од вкупната површина на крошните на дрвјата кои беа засадени во овој дел на градот.

– Убеден сум дека со вакви конкретни чекори освен што ги враќаме посетителите во ГТЦ, полека го враќаме и модерниот сјај на Скопје со многу зелени површини и урбани содржини кои не носат чекор поблиску до целта Скопје конечно да стане зелена престолнина со која сите ќе се гордееме – рече

Популарно