Ви се намалува пенисот? Еве зошто

Городста на мажите се намалува и менува боја со годините, тврдат сексолозите. Затоа е многу важно да е грижите за здравјето на вашиот полов орган.

Бојата. Артерослерозата, проблем кој си доаѓа со годините и не одминува никого, ја забавува циркулацијата на крвта, а тоа директно влијае врз срцето, мозокот и пенисот. Со помал доток на крв пенисот станува посветол. Не треба да се грижите, тоа не е ништо страшно, но секако, треба да си имате редовни прегледи за да ја следите состојбата на половиот орган. Исто така, како што старее кожата на целото тело, така старее и на пенисот, па може да стане поопуштена и позбрчкана.

Големината. Кога веќе го надминавте проблемот со промената на бојата и формата, време е да се фокусирате на големината и еднаш засекогаш да се помирите со фактот дека околу 60-70 години со гордоста не ќе можете бајрак да веете. Како што минуваат годините, така се скусуваат сантиметрите, а тоа повторно е резултат на намалувањето на дотокот на крвта до пенисот и намалувањето на тестостеронот. Ако ви е за утеха, ако сте во просекот или над него, сантиметар-сантиметар и пол и не прават некоја голема разлика. Единствено што треба да внимавате е мевот. На подебелите мажи им се скусува и без да им се скуси, зашто пенисот почнува внатре во телото. Ако имате голем стомак, тој ќе паѓа врз основата на пенисот и ќе го прави визуелно пократок.

И на крајот, она што, всушност треба да ги сфатите еднаш засекогаш – на жените не им е битна должината! Важно е што прави со тие сантиметри што ги има, а и со остатокот од телото. Предолг пенис – болен секс!

Осетливоста. Тестостеронот помага да се одржи нервното ткиво. Кога ќе се намели нивото на тестостерон, се намалува и осетливоста на пенисот, што доведува до тешко постигнување оргазам. Исто така, и кога е во ерекција, пенисот не се стврднува. Е оваа состојба е изгубена војна, а не битката со големината.

Но, оваа состојба може да се санира колку-толку, така што ќе имате ерекции секој ден. Не мора да доживеете оргазам, но секојдневните ерекции ги одржуваат артериите и носат крв во пределот

Откажување на уринарната функција. Уринарни проблеми – проблеми со простатата. 20% од мажите започнуваат да имаат проблеми со простатата кога во 40-тите, а 50-60% во 60-тите и 80-90% на 70 или на 80 години. За да избегнете да станете дел од оваа статистика, одржувајте здрава тежина и повеќе време поминувајте во движете. Седењето врши притисок врз простатата. Правете умерени вежби неколку пати во неделата. Лесно трчање или пешачење можат да завршат многу работа. Ако навистина сакате да си помогнете, можете да правите и Кегелови вежби за мажи (слични се со вежбите за трудници). Во исхраната внесете повеќе цинк и селен: месо, јаткасти плодови и семки, житарки, морски плодови, јајца трици, `ркулци од пченица, пченка, домати, квасец, печурки, лук, црн леб, и печива од интегрално брашно. Пченката и лукот се најбогатите, а истовремено и најдостапни извори на селен. Ем не треба многу да се воздржувате во исхранта ем ќе му помогнете на пријателот. Единствено од што ќе треба да се воздржите е алкохолот. Иако досега илјадапати ви кажал вашиот матичен лекар како сѐ му штети алкохолот на машкото здравје, ќе ве потсетиме уште еднаш – алкохолот го зголемува претворањето на тестостеронот во естроген!

Еректилна дисфункција. Со овој проблем се среќаваат 5% од мажите на 40 години, а 15 проценти на возраст до 70 години. Еректилната дисфункција може да биде резултат на многу причинители, а некои од нив се:

- биолошки: болест, лекување, лоши хигиенски и здравствени навики;

- психички: стрес, депресија;

- врска: недостаток на доверба и интимност со партнерот, емоционален конфликт со партнерот;

- психосексуални вештини: љубовните вештини на партнерот, недостаток на страст меѓу партнерите.

Поради комплексноста на овој проблем, Вијаграта и другите лекови за ерекција не се долготрајно решение. Лоцирање на проблемот може многу да помогне. А некогаш и промена на партнерот.

И збор-два за менопаузата кај мажите

Во последно време во научните кругови гласно се зборува за андропауза - главно за тоа дали навистина постои или не. Во теоријата, хипогонадизам е кога тестисите веќе не произведуваат нормално ниво на тестостерон. Со андропауза кај мажот можат да се јават симптоми кои се нормални за женската менопауза: замор, депресија, ноќно потење и намалена желба за секс. Оваа состојба е болест и се лекува треба да се лекува со тестостеронска терапија. А бидејќи нивото на тестостерон со текот на годините и онака се намалува, задолжително ќе треба да ги смените и животните навики, што би значело здрава исхрана, од 7 до 8 часа сон, една или, најдобро, ниедна чашка алкохол на ден, откажување од пушењето и стрес сведен на минимум.

Па, дури и да немате андропауза, стекнувањето здрави навики нема да ви нашкоди.

И внимавајте: Користењето тестостерон во каква било форма кога нема вистинска потреба, ја намалува способноста на телот да произведува сопствен тестостерон, а тоа сигурно ќе ги убие вашите тестиси и пенисот засекогаш!

Закрепнувањето по „скршено срце“ трае три месеци

Раскинувањата oбично завршуваат со подолготрајна тага.

Научен труд објавен во британскиот „Журнал“ за позитивна психологија открива колку време во просек им треба на луѓето да закрепнат по болен прекин на љубовна врска.

Кога „срцето е скршено“, преовладува чувството на безвредност, што поттикнува повредената или повредениот „да се држи“ дури и поцврсто за она што веќе не е достапно. Во такви случаи се јавуваат збунетост, лутина, тага, фрустрација. Уште повеќе, ако е присутна ниска самодоверба којашто нѐ тера постојано да се обвинуваме и омаловажуваме себеси, преболувањето на раскинувањето тогаш е потешко, па тоа „заздравување“ оди побавно.

Тоа ќе рече – проценувањето колку долго ќе трае таа лоша состојба по раскинувањето зависи, до одреден степен, од самодовербата.

Според наводите, на 71 отсто од 155 млади возрасни лица им биле потребни околу 11 седмици за промена кон подобро. До крајот на тие три месеци, испитаниците можеле да ги видат добрите страни на нивното раскинување. Тие, имено, почувствувале „созреаност“ и подготвеност да се насочат кон целта – позитивни промени по раскинувањето.

Разумно е да се очекува дека зацврстувањето на ниската самоувереност по раскинувањето може да трае барем неколку недели. А пак, факторите коишто влијаат на таа временска рамка зависат од самиот човек и од врската која штотуку завршила.

Три реченици кои звучат како љубов, а всушност зад нив се крие манипулација

Понекогаш е тешко да се разликува грижата и љубовта од манипулацијата. Ова се фрази кои се користат за да се залажат партнерите.

Има луѓе кои имаат потреба да манипулираат со луѓето со кои се во врска или брак, поради некои психолошки проблеми што ги имаат.

Овие три реченици манипулаторите често ги користат како параван, бидејќи наликуваат на љубов.

„Ова го правам за твое добро“

Манипулаторот сака да изгледа како да се грижи за вас, а всушност сака да ве контролира за да ја постигне својата цел. Реченицата „Го правам ова за твое добро“ звучи како израз на грижа и љубов, но тоа е начин манипулаторот да ве принуди да го прифатите она што го прави велејќи дека е за ваша корист.

„Дали вака ми враќаш?

Кога манипулаторот ќе ви каже: „После се што направив за тебе, ти ми враќаш вака?“, тоа покажува дека сака да се чувствувате виновни. Не се залажувајте да мислите дека тој се грижи за вас. Тој само сака да ве натера да се согласите со она што тој го сака.

„Очекував повеќе од тебе“

Оваа реченица прави личноста кон која е насочена да се чувствува помалку вредна од манипулаторот. Тие се потпираат на моќта за да ги постигнат своите цели. И повторно сака да се чувствувате виновни што не го постигнавте она што требаше, според мислењето на манипулаторот.

Што се случува во телото на мажот кој подолго време нема секс?

Има многу причини зошто треба редовно да имаме секс, но покрај задоволството, важни се и причините поврзани со здравјето.

Мажите кои редовно имаат секс се позадоволни од животот и посреќни, тоа го имаат потврдено повеќе истражувања, но дали некогаш сте се прашале што се случува со вашето тело кога ќе престанете да имате секс редовно?

Ова се најчестите последици:

Еректилна дисфункција

Мажите кои подолго време немале секс, а имаат над 50 години, најверојатно ќе се соочат со проблемот еректилна дисфункција. За да останете во сексуална форма, мора да ја одржувате.

Зголемен ризик од рак на простата

Ако не мастурбирате редовно и исто така немате секс, ги зголемувате шансите за заболување од рак на простата. Истражувањата покажале дека честото ејакулирање (4 до 7 пати неделно) го намалува ризикот од рак на простата.

Висок крвен притисок

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат редовен секс имаат понизок крвен притисок од оние кои имаат долги паузи меѓу сексуалните активности.

Стрес

Една жешка ноќ во кревет може да ви го подобри расположението и барем на кратко да ве ослободи од грижите и стресот. Ендорфинот што се ослободува за време на сексот го подобрува расположението, а и бројни науни истражувања покажале дека сексот има поволно дејство врз луѓето кои се под стрес.

Слаб имунитет

Доживувањето оргазми е од голема корист за вашиот имунолошки систем. Медицински истражувања покажале дека мажите кои немаат секс редовно имаат послаб имунитет и се поподложни на болести.

Популарно