Пресврт во трагедијата во која загинаа и Македонци во Србија

Несреќата која се случи во Србија пред неколку дена поради густата магла, во која загинаа и двајца Македонци, се уште е шок во регионот, а професорот Милан Вујаниќ од Србија објаснува дека според него сигурно не е виновна маглата, туку човечки фактор.

- Сум се движел неколку пати таму, беше магла, излегуваш и пред тебе ѕид, вели тој.

Тој вели дека има и ознаки кои помагаат поради честата магла, па според него виновен е човечки фактор.

- Брзината со која најмногу може да се движите е 40 на час, така ќе ги видите знаците, вели тој.

Вели дека ова не е црна точка, но најверојатно по оваа трагеидја во која загинаа 8 лица ќе стане.

Момчето од Драчево било во Сектата која сее страв во Скопје

Грозоморно убиство ја потресе вчера македонската јавност кога во Драчево внук си ја закла бабата, а најновите детали укажуваат на уште пошокантен и погрозен пресврт на настаните.

66-годишната баба од Драчево, сепак не е заклана, туку и бил прегризан гркланот, ги откриваат морбидните детали за Нетпрес извори од истрагата. Според информациите, се работи на тезата дека убиецот, нејзиниот 20-годишен внук А.Р., вршел секташки обред.

Неофицијално, тој веднаш по настанот, сам се пријавил во полиција, каде го признал делото, ги раскажал деталите, потврдил дека е припадник на секта и дека убиството го сторил како дел од сатанистички ритуал.

Наводно, ова не е првиот случај младото момче да ја потресе јавноста, бидејќи се верува, иако непотврдено, дека станува збор за истото лице кое неодамна ја осквернави црквата „Свети Спас“ во Драчево, испишувајќи сатанистички симболи и пентаграми на храмот. Неофицијално, тој се поврзува со немилиот настан со преполовеното маче, оставено во локва крв.

Отецот Оливер од црквата „Свети Спас“, во изјава за Нетпрес, вели дека го познава момчето и за него знаел дека е психички нестабилен, но додаде и дека нема информации дека момчето е поврзано со сквернавењето или пак со било која секта.

Важел за повлечено момче.

ВИДЕО: Ова е куќата каде внукот ја закла бабата

Грозоморно убиство вчера го потресе Драчево, кога внук си ја закла бабата.

20 годишен внук ја усмртил својата 66-годишна баба во скопската населба Драчево, поради засега неразјаснети мотиви, па сам се предал во полиција.

На видеото на Канал5, се гледа куќата каде се случил грозоморниот чин вчера.

ФОТО: Ова е момчето кое почина во големи маки

Остоја Гагиќ загина на 29-години во Србија откако се тркал со своите другари со мотор, тие го прегазиле кога случајно загубил контрола и паднал и побегнале.

Несреќата се случила во саботата, а дошло до неа кога тој налетал на паркиран автомобил и загубил контрола, паднал од моторот, а го удриле по тоа уште два автомобили.

- Младото момче лежеше и едвај дишеше, сцената беше ужасна, го слушнав ударот и истрчав, вели сведок.

Трагедијата да биде поголема, го прегазиле другарите со кои се тркал, па побегнале.

Момчето починало и покрај напорите на Итната помош.

Популарно